Online education

Online education

Started
3 August 2020
Petition to
mon
Signatures: 3,570Next Goal: 5,000
Support now

Why this petition matters

Барања за онлајн настава

Почитувани, имајќи ја во предвид состојбата со Ковид 19 во државата и нејзиниот импакт во сите сфери на човековото живеење, како загрижени родители за здравјето на своите деца, семејството, просветниот кадар и воопшто јавното здравје, бараме учебната година да се реализира ОНЛАЈН -  настава од далечина

Оттука, бараме:
1. Да се донесе одлука онлајн настава на далечина во училиштата за сите ученици, а посебно да бидат опфатени децата од 1 - во до 5-то одделение имајќи ја во предвид возраста и неможноста за самостојно почитување на здравствените протоколи. Понатаму, единствено со онлајн настава ќе се заштитат децата, наставниците, родителите и нивните блиски, вработените, ризичните групи и целата популација. Моделот што имавме можност да го видиме, а вклучува 2 часа дневен физички престој во училиште, под маски и физичка дистанца, сменска настава, скратена програма и зимски распуст од 180 денови, е модел кој нема да обезбеди здрава средина за развој, социјализација и едукација и не го поништува ризикот од заразување и изложување на ризик на целокупното население. Со предложениот модел за физичко присуство, дополнително се комлицираат обврските на родителите, а доколку во целиот тој процес бидат вклучени бабите и дедовците (што се чини неминовно), доколку родителите се на работа, се ризикува животот на најранливата категорија граѓани.
 
2. Без исклучок да биде дадена можноста еден од родителите на децата до 10-годишна возраст,  да биде ослободен од работа или да има скратено работно време. Децата до оваа возраст не можат самостојно да престојуваат дома, особено кога можноста за целодневна настава е исклучена. Потребата од родител постои и во понудениот модел со скратена настава и сменско работење.
 
3. Бараме, односно предложуваме као платформа за изведба на онлајн учењето да биде избрана Microsoft teams или друга соодветна алатка.

Група за поддршка за онлајн настава во учебната 2020/2021
https://www.facebook.com/groups/2783269465236378/pending/?notif_id=1596324527036954&notif_t=group_post_approval_request

Support now
Signatures: 3,570Next Goal: 5,000
Support now

Decision-Makers

  • mon