Да се преведе платформата и Мајкрософт тимс на македонски јазик

This petition had 516 supporters

The Issue

Учениците во основните и во средните училишта секојдневно следат настава на платформа и апликација кои се целосно на англиски јазик. Поради тоа децата во својата комуникација се' почесто користат зборови како „мјутна“, „ливна“, „кикна“, кои се директна адаптација на англиските термини што ги гледаат на платформата и во апликацијата. Од овие причини сметаме дека е исклучително важно и платформата и апликацијата најбрзо што може да се преведат на соодветните јазици на кои учениците ја следат наставата (македонски, албански, ромски, турски, српски и влашки). 

Доколку продолжи да се следи настава на платформа и апликација што се на англиски јазик ќе дојде до трајно навлегување на овие термини во мајчиниот јазик на најмладите, со што му се нанесува трајна штета на македонскиот и јазик, како и на останатите јазици што се зборуваат во земјата. 

Со оваа петиција би сакале да го свртиме вниманието на Министерството за образование и на Бирото за развој на образованието како директно надлежни за образовниот процес, од кои бараме веднаш да изнајдат начин, што поскоро да се овозможи децата да учат на платформа и да користат апликација на својот мајчин јазик. 

The Decision Makers

Министерство за образование
Министерство за образование
Биро за развој на образование
Биро за развој на образование

Petition Updates