Petition updateSolution to the Name problem of the Republic of Macedonia in the UNНие со Преспански договор и со новото име РСМ веке сме Северномакедонци
Prof. Dr. Igor JanevSkopje, North Macedonia
May 28, 2021

Повеќе пати јас се обидав да објаснам дека erga omnes промена на државното име, не подрзбира по автоматизам промена на името на народот, бидејќи таквото правило не постои во меѓународното право.
Но меѓународната пракса, надвор од експлицитните правила и принципи, регистрира правен факт (а не и правило) според које името на држава имплицира називот на народот.

Се работи само за правна чињеница, но не и правен принцип.


Меѓутоа, како што изјави и Министерство за правда на (РС)М, зборот „македонија” со сите свои деривати е резервиран само за Грција оттшто произлега органичување на користењето erga omnes односно неприменување на сите национални категории, вклучувајки и на народот односно неговата национална култура, национален јазик, национална историја, итн...
Оттаму, народот (според erga omnes) односно неговото национално име не смее да се користи или употребува, па така во пракса во сите ситуации Влада на Македонија користи кованици “наш народ”, “овој народ” итн., демонстрирајќи ефективна забрана за користење терминот „македонија” (без обавезен деноминатор/префикс). Од оваа забрана за категорија „македонија” и деривацијата „македонски народ” (или „македонска нација”), на меѓународен план пред се се остава слобода на сите субјекти који слободен термин (нов) треба да употребат наместо македонија/македонски, со цел да не се повреди ваквото наведено огрничување и во врска со ова „дигнитетот на Грција” (која секој пат кога поинаку се употребува термин македонија или македонски народ протестира како навредена и повредена страна), при што првиот слободен термин е “Северномакедонци” од фактот што самата држава е според уствот “Република Северна Македонија”, а во ОН постои резеравцијата за “македонци” само за Грција.
Отттаму, за државите и сите други јавни посленици е поедноставно да креираат и признаат термин е “Северномакедонци”, кога веќе постојала „правна причина” да се склучи “меѓународен договор” (што имплицира вина на македонската страна дека до тој момент нелегално или лажно се претставувала, па така МОРАЛА ДА ГО СМЕНИ СВОЈОТ ДРЖАВЕН ИДЕНТИТЕТ) односно самата држава решила името на државата да НЕ БИДЕ “Република Македонија”. Овој факт, на сите надворешни субјекти им се дава право да користат “погодна кованица” која се сведува на “Северномакедонци”, како необврзувачка пракса според која од името на државата потекнува името на народот.
Од политичката гледна точка, се гледа дека:
1. Грција сфати дека самото име на народот, кроз време (по одреден период) од сите надвор од државата, ке биде “признаено” како “Северномакедонци”, бидејќи друг алтерантивен термин не постои, при што во овој процес прво ќе се направи пракса кај интелектуалци, новинари и политичари, а потоа и сите други субјекти и фактори.
2. Во процесот ќе влезе и Бугарија која со тек на времето ке изедначи термини “Северномакедонци” со БУГАРИ, па така сите надвор од Македонија за наш народ ке користат и терминот Бугари, посебно ако успее акција од македонскиот јазик да се направи БУГАРСКИ ЈАЗИК односно од македонската национална историја да се направи „Бугарската историја”.
3. На овој начин, со тек на време, терминот “Северномакедонци” би станал прифатлив и за домашната популација, имајки предвид дека алтернативно “решение би било Бугарскиот народ”.
Заклучок
Кусо, со Преспанскиот договор веќе е извршена трасформација од македонци во “Северномакедонци”, при што одредница за државјанството се според овој Договор користи само за потребите на „лични документи”. Поентата е што целата домашна јавност, па ни правната јавност и струка, не разбира едноставен факт: Ние со Преспанскиот договор и со новото име РСМ веке сме “Северномакедонци”.

Copy link
WhatsApp
Facebook
Nextdoor
Email
X