Safe City: Воведување казни за отпад фрлен од возила!

The Issue

Во Македонија веќе е поставен системот Safe City, кој во моментов функционира во тест фаза и преку видео надзор издава опомени за сообраќајни прекршоци. Со оглед на тоа што технологијата веќе е инсталирана и активна, постои реална можност овој систем да се надгради и да придонесе и во други важни области од јавниот интерес.

Една од појавите која долго време претставува проблем во нашата држава е фрлањето отпад, особено отпушоци и ситен отпад од возила во движење. Овој вид непрописно одложување отпад е чест и оставa последици врз животната средина и јавната безбедност.

Со оваа петиција се предлага, во рамките на понатамошното развивање на системот Safe City, да се разгледа можноста за воведување функционалност за детекција и санкционирање на фрлање отпад од возила. Целта е не само спречување на прекршоците, туку подигање на јавната свест, намалување на загадувањето и зголемување на општата култура и одговорност во сообраќајот.

Зошто е ова неопходно?

1. Еколошко загадување

Отпушоците се најчестиот вид отпад пронајден по улици, тротоари и покрај патишта.
Еден отпушок содржи токсични материи како никотин, олово, арсен и стотици хемикалии што ја загадуваат почвата и водата.
Потребни се и до 10 години за целосно да се разградат, а микро-пластичните влакна од филтерот завршуваат во земјата и реките.

2. Сериозна закана за јавната безбедност

Фрлен отпушок од автомобил, особено во движење, претставува реален ризик за предизвикување пожар.
Во Македонија секоја година имаме огромен број на шумски пожари. Еден од потенцијалните причинители на пожарите е и фрлањето на отпушоци покрај патот.
Ова ја загрозува природата, животните, имотот и безбедноста на граѓаните.

3. Видливо нарушување на јавниот ред и угледот на државата

Фрлањето отпад од автомобили создава слика на неуредност и примитивно однесување.
Ова остава негативен впечаток кај туристите и го нарушува јавниот ред и чистотата на градот.

4. Камерите веќе ја имаат потребната технологија

Со оглед дека „Safe City“ камерите веќе препознаваат минување на црвено светло, неправилно паркирање, некористење појас, користење телефон, пребрзо возење и слично, системот може да се надгради со алгоритам за детекција на фрлање предмети од возило, практика која веќе ја има во повеќе европски земји и градови.

Ова е реално изводливо, без големи дополнителни трошоци.

5. Воведувањето казни го менува однесувањето

Истражувањата покажуваат дека кога прекршоците се санкционираат автоматски, граѓаните брзо ги менуваат навиките. Воведувањето казни за фрлање отпад од возила би можело да доведе до:

намалување на загадувањето,
намалување на бројот на пожари,
зголемување на општата дисциплина во сообраќајот,
подобрување на еколошката свест.

Бараме МВР и Владата да воведат автоматска детекција и казнување на фрлање отпушоци и отпад од возила како дел од проектот „Safe City“.

Ова е мала промена во системот, но ќе донесе огромни придобивки за животната средина, јавната безбедност и развојот на современо, одговорно општество.

1,320

Support now

1,320

The Decision Makers

Министерство за Внатрешни Работи на Република Македонија

Petition updates