Споменик-хранилка за чичко Драги од Рекорд - Човекот кој живееше за кучињата

The Issue
Чичко Драги од Рекорд беше познат по своето огромно срце и неуморната грижа за бездомните кучиња во Скопје. Неговата приказна допре до срцето на многу, а неговото дело и хуманост треба да останат живи и видливи за идните генерации.
Преку подигнување на споменик-хранилка во негова чест, не само што ќе го оддадеме заслуженото признание на човекот кој целиот свој живот го посвети на кучињата, туку ќе поттикнеме и свест за хуманоста, емпатијата и љубовта кон животните во нашиот заеднички простор.
Чичко Драги не беше богат човек во материјален аспект, но беше богат со добрина и емпатија. Тој треба да е пример за сите. Им овозможи храна, дом и топлина на многу бездомни кучиња, а за возврат не бараше ништо. Сепак, доби многу. Доби љубов и пријателство од нив, како што не се добива од ниеден човек. Кучињата сè уште доаѓаат таму. Сè уште го бараат.
Ваков човек заслужува да биде запаметен. Не со зборови, туку со камен и бронза, трајно, на местото каде што живееше и работеше. Но, овој споменик би бил нешто повеќе од обележје. Замислуваме споменик-хранилка, како што постои во многу други држави, тој ќе има и практична намена. Овој споменик-хранилка покрај што ќе оддава почит на Чичко Драги, ќе ги храни и бездомните животни, токму како Чичко Драги. Споменик кој не стои мртов, туку живее - храни, баш како што живееше и тој.
Споменик за Чичко Драги не би бил само почитување на неговиот живот туку и потсетник на сите нас за важноста на одговорноста и љубезноста кон најслабите и најзагрозените. Потсетник дека и по смртта, добрината може да продолжи.
Бараме од Град Скопје и Општина Центар да подигнат споменик-хранилка посветен на Чичко Драги од Рекорд, за да го запаметиме овој тивок херој, овој скромен човек со најголемо срце, кој никогаш не побара ништо за себе, а даде сè за другите.
Потпишете. За Чичко Драги. За кучињата. За сите добри луѓе кои живеат и умираат во тишина.
Ве молиме, потпишете и споделете ја оваа петиција и помогнете ни да го реализираме овој почест на големиот хуманитарец на Рекорд.
*Потписите собрани преку оваа петиција ќе бидат приложени кон официјално писмено барање упатено до Град Скопје и Општина Центар. Со потпишување, ја изразувате само својата поддршка за оваа идеја, без никакви обврски, лични одговорности или последици. Не можеме да гарантираме дека барањето ќе биде прифатено, но секој потпис е уште еден глас кој покажува дека Скопје има луѓе кои ги ценат тивките херои. Доколку не биде прифатен споменикот-хранилка посветен на Чичко Драги, ќе се постави обична хранилка. Пробуваме, затоа што Чичко Драги тоа го заслужува.*
1,023

Petition Updates
Share this petition
Petition created on March 15, 2026