#СкопјеДише отрови, а сака #ЧистВоздух!

#СкопјеДише отрови, а сака #ЧистВоздух!
The Issue
Итни мерки за решавање на аерозагадувањето
Аерозагадувањето убива. 3000 прерани смртни случаи на годишно ниво во Македонија се предизвикани од прекумерното загадување.
Ние, граѓаните на Скопје бараме нашето здравје да биде ставено највисоко на листата на приоритети. Бараме од Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање да започнат со ИТНА примена на краткорочни и среднорочни мерки насочени кон намалување на загадувањето на воздухот во градот, и тоа:
- Донесување на закон на ниво на Град Скопје со кој се забранува употребата на јаглен за загревање во домаќинствата
- Ограничување на движењето на возила во централното градско подрачје (комплетно или делумно) и нов зимски сообраќаен режим за градот
- Намалување на данокот на додадена вредност за топлинска енергија со што цената за централно греење значително би паднала и корисниците би се стимулирале да се вратат на мрежата
- Стимулирање на приклучување на зградите (нови и стари) кон централното градско греење преку делумно ослободување од трошоците за приклучокот
- Подобрување и зголемување на јавниот транспорт во градот, воведување на нови ефикасни линии
- Стимулации за вработените во институциите и компаниите за здружено користење на возила или користење велосипед/ одење пеш до работното место
- Ограничување на градежните активности и индустријата (времено во зимскиот период)
- Строго санкционирање на палењето на диви депонии и жетвени остатоци
- Отворање на фонд за животна средина преку кој ќе се поттикнат мерки за заштита на средината
- Отворање на фонд за енергетска ефикасност за граѓаните преку кој домаќинствата ќе можат да ги подобрат условите за живот и намалат трошоците за греење.
Како граѓанин на Скопје, ја потпишувам оваа петиција и самиот/самата сум спремен/спремна лично да се заложам и да придонесам кон решавањето на загадувањето на воздухот.
Потписите ќе бидат поднесени до град Скопје и МЖСПП.

Petition Closed
Share this petition
The Decision Makers
Petition Updates
Share this petition
Petition created on November 2, 2018