Поддршка за Никола, Дијана, Симона, Ален и Антоние од Македонската Филхармонија

The Issue
ИЗМЕНА ВО ТЕКСТОТ!!!
Додека беше правена оваа петиција, добивме информација дека уште 4 вработени од техничкиот и продукцискиот сектор биле оставени на улица, без егзистенција. Се работи за Дијана Илковска Имери (нототекар), Симона Симуновска (асистент продуцент), Антоние Весковски (соработник за сценско музичка дејност) и Ален Хаџи Стефанов (тон мајстор).
Ги повикуваме надлежните да го запрат ова нехумано однесување на директорот и да ја исправат неправдата нанесена кон овие вработени.
Оваа петиција е направена за да се подигне гласот за неправдата која му беше направена на нашиот драг колега Никола Ристевски, тромбонист во Македонската Филхармонија. Никола повеќе од 10 години хонорарно и 4 години и 11 месеци во редовен работен работен однос ги извршуваше задачите како трет тромбонист и втор тромбонист во оркестарот на Македонската Филхармонија. Во пресрет на Новата Година и божиќните празници, на Никола не му беше продолжен работниот договор и со тоа остана без егзистенција и на улица во пресрет на највеселите празници. Официјално образложение од страна на директорот Александар Котевски сеуште нема, а на многуте пораки кои му беа испратени, тој не одговори. Неофицијално, причината поради која директорот не го продолжил договорот на Никола е дека тој „бил проблематичен“ ; „правел проблеми“ ;„три директори го направиле овој проблем, јас не можам да го решавам“. Што подразбира под овие фиктивни причини директорот Александар Котевски, не образложи, но според познатите информации, институцијата до сега нема добиено ниту една писмена поплака за извршувањето на работните должности за Никола, од домашните и меѓународни диригенти кои диригирале со оркестарот, ниту пак е евидентирана од страна на водачите на секциите/концертмајсторите. Против Никола до сега не е водена ниту една дисциплинска постапка за прекршување на дисциплината, а секцијата во која Никола свири, секцијата тромбони, е фалена како една од најквалитетните секции во оркестарот. Дополнително, проблем претставува фактот што институцијата сега ќе остане без вработен на работно место за кое институцијата ќе исплаќа дополнителни средства да истото биде пополнето, според потребите и систематизацијата на институцијата.
Токму заради овие аргументи сакаме да веруваме дека ова злодело од страна на директорот, да остави колега музичар на улица и без егзистенција во пресрет на најрадосните празници не е ништо друго освен суета, лични каприци, нехумана тиранија и своеволно раководење на штета на квалитетот и институцијата.
Ве повикуваме да го подигнеме гласот заедно против оваа неправда, а повисоките инстанци да превземат нешто во најбрз рок за оваа неправда да биде исправена и самоволието на директорот да биде спречено.
Со почит,
Група вработени во оркестарот на Македонска Филхармонија, пријатели и колеги на Никола Ристевски.
П.С. Додека беше правена оваа петиција, добивме информација дека уште 4 вработени од техничкиот и продукцискиот сектор биле оставени на улица, без егзистенција. Се работи за Дијана Илковска Имери (нототекар), Симона Симуновска (асистент продуцент), Антоние Весковски (соработник за сценско музичка дејност) и Ален Хаџи Стефанов (тон мајстор).

1,152

Petition Updates
Share this petition
Petition created on January 3, 2025