Stop Deforestation and Preserve Dlabocica Waterfall Surrounding

2,638

The Issue

Почитувани, дојдовме до информација дека од страна на Македонски Шуми е дадено одобрение за сеча на шума во еден од најпрекрасните и најзелени предели во кумановскиот регион. Имено, станува збор за шумата во Длабочица, општина Старо Нагоричане - во непосредна близина на единствениот водопад во нашиот крај.

Иако веќе бевме сведоци, во изминатите неколку години, на неселективно систематско уништување и соголување на преубавата шума, сепак не очекувавме дека истото ќе дојде и до најпрекрасниот и недопрен дел од природата околу самиот водопад. Шумата и водопадот во Длабочица претставуваа едни од ретките места на недопрена природна оаза во нашиот регион, каде луѓето имаа прилика да пешачат и да уживаат во природните убавини надвор од градскиот метеж.

Како што може да видите од сликите веќе е пробиен и создаден пат за тешки товарни возила и веќе е упропастена природната камена подлога околу водопадот и самата река. А во најскоро време може да очекуваме и соголување на шумата околу самиот водопад, со што ќе биде нанесена непоправлива штета на оваа ретка природна оаза.

Ова зборува за безосетноста и деструктивната тенденција присутна во сите пори на нашето општество која не остава ништо убаво, корисно и вредно да егзистира, напротив се она што има вакви својства мора да биде бездушно уништено.

Да го заштитиме водопадот и неговото природно опкружување! Да не дозволиме сеча на дрвја и уништување на единствениот водопад во овој регион!

The Decision Makers

Општина Старо Нагоричане
Општина Старо Нагоричане
Општина Куманово
Општина Куманово
Општина Крива Паланка
Општина Крива Паланка
Општина Ранковце
Општина Ранковце
Македонски шуми
Македонски шуми

Petition Updates