Бараме итна обнова на водоводната мрежа во општина Гази Баба
The Issue
Ние, жителите на општина Гази Баба, бараме итна реакција од надлежните институции поради недостиг на вода повеќе од три недели во голем дел од општината. Проблемот произлегува од застарената и несоодветна водоводна мрежа, изградена за мали двокатни објекти, а денес принудена да опслужува доградби, нови згради и илјадници нови жители.
🚫 Резултат:
- Слаб притисок на пониски катови и целосен прекин на водата на 3+ катови
- Оневозможено одржување хигиена, готвење, перење
- Загрозено здравје, подложни сме на зарази
🔧 Бараме:
- Техничка ревизија и план за целосна модернизација на водоводната мрежа
- Проширување на капацитетот со нови цевки соодветни на сегашниот урбан раст
- Алтернативно снабдување со вода додека проблемот не е решен (цистерни)
- Транспарентност и давање најбрз рок за решавање на проблемот со кој се соочуваат граѓаните
📣 Оваа петиција ја упатуваме до:
- ЈП Водовод и канализација – Скопје
- Општина Гази Баба
- Град Скопје
- Министерство за животна средина и просторно планирање
✊ Потпишете се и помогнете ни да добиеме основно човеково право – сигурен и редовно водоснабдување!
248

Petition Updates
Share this petition
Petition created on July 3, 2025