Променете го ограничувањето на брзината во Скопје

The Issue
Се поздравува иницијативата за безбнедност во градот со поставување на новите камери за ограничување на брзина.
Скопје, динамичната метропола и главен град на Република Македонија, сведок на значителен раст на бројот на автомобили на своите улици, но без соодветен јавен превоз што води до закочен сообраќај. Ограничувањата на брзината се важен елемент во одржување на слободниот ток на сообраќајот.
Тековните ограничувања на брзината на многу улици во Скопје се на дел ниски, на дел високи и не ги одразуваат реалните предуслови за слободно движење на сообраќајот. Целта на оваа петиција е да се подржи редот во сообраќајот, не да се повикува на дивеење на улиците.
Со оваа петиција, бараме од властите во град Скопје да ги ревидираат сегашните ограничувања на брзината и да предложат конкретни промени, како зголемување така и намалување на во одредени места. Предлагаме намалување на брзината во зоните каде има школи и градинки на 30км/час, намалување на ограничувањето на брзина на „рекорд“, булевар Св. Кирил и Методиј на 40км/час, ревидирање во одредени локални улици во кои реалниот сообраќај не дозволува движење со поголема брзина поради големината на улицата, но и паркираните возила по тротоарите (голем дел од помалите улици во општина Карпош, населениот дел на Водно). Покачување на ограничувањето на брзина на влез во Скопје до раскрницата пред East Gate на 80км/час, булевар Партизански Одреди, Прво Мајска, Трета Македонска бригада, Борис Трајковски, делницата на 8ми Септември до Партизански одреди, Булевар Никола Карев и Александар Македонски после East Gate брзина од 70км/час.
Дополнително, бараме од надлежните институции итно да разгледаат и воведување на пешачки надвозници (overpass) на најфреквентните и најризичните улици во градот. Со нив ќе се зголеми безбедноста на пешаците, ќе се намали бројот на сообраќајни незгоди и ќе се овозможи побезбеден и поефикасен проток на сообраќајот, особено во деловите каде што пешачкиот и автомобилскиот сообраќај често се преклопуваат.
Потпишете ја оваа петиција ако верувате дека е потребна корекција на ограничувањето на брзината и послободно движење во сообраќајот и урбано планирање во Скопје.
8

The Decision Makers
Petition Updates
Share this petition
Petition created on December 9, 2025