ПЕТИЦИЈА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ОПШТАТА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИ
The Issue
До: ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Ние, долупотпишаните граѓани, бараме итно укинување на општата забрана за движење во шумите и преиспитување на политиката што ги ограничува сите граѓани наместо да ги санкционира вистинските сторители на кривичните дела.
Никој не го оспорува фактот дека шумските пожари се сериозна закана. Но, сметаме дека државата не смее сопствениот неуспех во превенцијата, откривањето и санкционирањето на подметнувачите на пожари да го надоместува со колективно ограничување на слободното движење и со драконски казни за целото население.
Наместо проактивна политика – повеќе шумски чувари, инспекциски контроли, надзор, откривање и гонење на сторителите – избрана е најлесната и најпасивната мерка: затворање на шумите за сите граѓани.
Посебно е неприфатливо што пристапот до јавно природно богатство се условува со дозволи кои се наплаќаат. Граѓаните не треба да плаќаат за да можат привремено да пристапат до природа која е заедничко национално богатство. Воведувањето финансиска пречка за користење на јавен природен простор претставува неоправдан товар, особено во услови на економска криза и низок животен стандард.
Во најжешкиот период од годината, кога температурите се екстремни, шумите претставуваат едно од ретките места за безбедна рекреација, пешачење, спорт и одмор. За голем број граѓани кои не можат да си дозволат летување, викендички или други туристички содржини, шумата е единственото достапно место за престој во природа.
Со оваа забрана се ограничува пристапот до јавен природен простор и се занемарува влијанието што престојот во природа го има врз психофизичката благосостојба. Мерките за заштита од пожари треба да ги земат предвид и последиците врз секојдневниот живот на граѓаните, особено кога се работи за долготрајни ограничувања.
Дополнително, предвидените казни се непропорционално високи во однос на економската состојба на населението. Наместо насочени санкции кон оние што навистина палат оган или намерно предизвикуваат пожари, законот создава ризик обични рекреативци, планинари, фотографи, спортисти и љубители на природата да бидат казнувани со износи што за многу семејства претставуваат повеќемесечен приход.
Затоа бараме:
Итно укинување на општата забрана за движење во шумите.
Бесплатен пристап до шумите за рекреативни активности што не претставуваат ризик од пожар, без обврска за плаќање дозволи.
Мерките да бидат насочени кон сторителите, а не кон сите граѓани.
Засилена превенција преку контроли, шумска служба, видеонадзор и ефикасно откривање и казнување на лицата што предизвикуваат пожари.
Преиспитување на висината на казните и нивно усогласување со принципот на пропорционалност.
Ги повикуваме надлежните институции да донесат решенија што ќе ги штитат и шумите и правата на граѓаните. Безбедноста не смее да се постигнува со колективно ограничување на слободите кога постојат можности за понасочени и поефикасни мерки.

243

The Decision Makers
Petition Updates
Share this petition
Petition created on June 26, 2026