Петиција за намалување на обемот на наставниот материјал во основните и средните училишта

The Issue

Здужението за едукативен развој Еквалис и група на младински активисти ја започнуваат кампањата „Спас за учебната година “  (#спасзаучебнатагодина) во којашто ја покренуваме петицијата за намалување на наставниот материјал на 70% во основните и средните училишта во Република Северна Македонија. Учениците и професорите моментално се соочуваат со голем стрес, неизвесност за тоа како ќе заврши учебната година и воедно како би биле заклучени крајните оценки.

Апелираме дека оваа вонредна ситуација треба да биде третирана како таква во образованието. Намалувањето на наставниот материјал на 70% би овозможилo поголем фокус на процесот на оценување- особено во претстојниот последен месец од учебната година. Ние сметаме дека на секој ученик треба да му се даде еднаква шанса за постигнување на успех во училиште, а со моменталната состојба и со спроведување на онлајн настава- искуствата покажуваат дека за тоа ќе треба подолго време.

Истовремено, очекуваме Министерството за образование и наука да издаде препорака кон училиштата за сите професори и наставници од едно исто училиште да користат исти технологии при спроведување на онлајн наставата. Недоволната конзистентност во оваа насока ги става учениците во ситуација за секој предмет да користат различна програма и со тоа се создава чувство на конфузија и неорганизираност.  

Очекуваме Министерството за образование и наука да ги разгледа овие барања и да се произнесе со одлука најдоцна до 25 април. Група на младински активисти наведуваат и 7 причини зошто ова барање треба да биде земено во предвид:

  1. Ист обем на материјалот како во нормални услови- иако условите се вонредни
  2. Повеќечлените семејства немаат доволно електронски уреди дома за следење на наставата (на пример:случаи со 3 деца во еден дом, а имање само еден компјутер. Или случаи на дете-ученик и професор во ист дом, а ограничен број на уреди)
  3. Отсуството на еден концизен начин за спроведување на онлајн наставата. Секој професор има различна платформа што ја користи- што во некои случаи може да значи дека учениците треба да следат повеќе од 5 различни платформи за своите задачи
  4. Занемарена психолошка состојба или домашната атмосфера на учениците со оглед на тежината на ситуацијата (паника, случаи на семејно насилство, анксиозност, делење на соба помеѓу повеќе деца од семејството коишто треба да имаат онлајн настава во исто време)  
  5. Отворени и нерешени прашања за  сведување на крајните оценки што создава притисок и врз професорите и врз учениците   
  6. Непридржување до првичниот распоред на часови особено во поглед на зададени задачи. Ако по еден предмет имаме три пати неделно настава- да не се задаваат задолженија како тој предмет да се има пет пати во недела
  7. Кратки временски рокови и голем притисок за доставување на задачите и покрај големиот постоечки притисок со општата состојба во државата                                                                                                                                                                           

Потпишете ја и споделете ја оваа петиција и да ја спасиме учебната година.

#спасзаучебнатагодина

avatar of the starter
Здружение за едукативен развој ЕквалисPetition StarterМисијата на Здружението за едукативен развој ЕКВАЛИС – Скопје е да ги вклучи граѓаните во процесите на општествена промена низ циклусот на едукација, критички пристап, анализа и преземање акција
This petition had 3,310 supporters

Petition Updates