Actualización de la peticiónПетиција за Македонија да гласа ЗА резолуциите на ОН во солидарност со палестинскиот народ[Покана] Сценско читање на „Монолози од Газа“
Сите за ПалестинаMacedonia del Norte
18 feb 2026

Драги сите,


Во името на иницијативата „Сите за Палестина“ и театарот „Штрих“ ве покануваме на сценско читање на „Монолози од Газа“, што ќе се одржи на 23 февруари (понеделинк) со почеток во 19 часот. 


Сценското читање ќе биде изведено на Академската Сцена на ФДУ од страна на активисти од Иницијативата „Сите за Палестина“ и актери од независната театарска група „Штрих“. 

„Монолози од Газа“ е збир на сведоштва од срцето на страдањето, грижливо собрани од страна на палестинскиот театар „Аштар“ кој преку собраните материјали и интернационалната соработка, од 2010 година наваму им дава глас на Палестинците и на нивните искуства за време на војните и опсадата. Со љубезна согласност на уметниците-активисти од театарот „Аштар“ монолозите да бидат преведени на македонски јазик, денес имаме можност да ги прочитаме пред публика и во Скопје и лично да придонесеме кон ширење на свесноста за грозоморните злосторства и огромното страдање во Газа.


Настанот е од добротворен карактер: влезот е слободен, а во кутија за донации ќе можете да оставите ваш придонес за хуманитарни цели. 


Сите детали за настанот ќе ги најдете тука.


Се гледаме в понеделник. Ајде заедно да покажеме дека солидарноста нема граници!


Голем поздрав,

Иницијатива „Сите за Палестина“

Apoya la petición ahora
Firma esta petición
Copiar enlace
WhatsApp
Facebook
Nextdoor
E-mail
X