Сите за ПалестинаMacedonia del Norte
29 oct 2025

Солидарноста не е само убав збор, туку принцип на дејствување што ја храни и ја негува нашата човечност.

Драги сите,

Срдечно ве покануваме да ни се придружите на претстојниот протестен марш во знак на солидарност со палестинскиот народ! Оваа сабота (1.11.) во 12 часот повторно се среќаваме пред споменикот „Симфонија на мирот“ (наспроти гимназијата „Јосип Броз-Тито“) за заеднички да го искажеме нашиот револт кон неморалната надворешна политика која континуирано учествува во геноцидот и апретхајдот. Поаѓајќи од споменикот, заеднички ќе се упатиме кон Собранието, а потоа до крајната цел, Министерството за надворешни работи.

Многу бргу видовме што значат изразите „мир“ и „прекин на огнот“ во речникот на ционистичкиот режим (Израел), поддржан од империјалистичкиот блок на САД, НАТО и ЕУ. Тие воопшто не ги кријат своите амбиции, па дури објавија и цел план за изградба на елитна ривиера врз срамнетата со земја Газа. Со Тони Блер како чен на таканаречениот „мировен одбор“, контролата врз територијата повторно се враќа во рацете на колонизаторската Британија, наместо да им припадне на Палестинците. При тоа, нашите „демократски претставници“ од Собранието и Владата одбиваат да покажат солидарност со палестинскиот народ, но и активно соработуваат со ционистичкиот режим и геноцидар (Израел) што ги прави соучесници. 

Како и досега, на протестот ќе бидат јасно искажани нашите барања до владата и собранието:

  1. Да го осуди геноцидот во Газа и да делува согласно ратификуваната Конвенција за спречување и казнување на злосторството „геноцид“;
  2. Да почне да гласа во солидарност со палестинскиот народ на сите понатамошни гласања на ОН;
  3. Повторно да ја признае Палестина;
  4. Итно да ги прекине дипломатските односи како и економската, културната, образовната и спортската соработка со Израел;
  5. Да се вклучи во доставувањето на хуманитарна помош во Газа;
  6. Да ги уапси оние кои се гонат за извршување на воени злосторства штом стапат на македонска почва, притоа извршувајќи ги своите обврски како членка на Меѓународниот кривичен суд.

Повикајте ги пријателите, споделете го настанот и придружете ѝ се на интернационалната борба за ослободување на Палестина!

Apoya la petición ahora
Firma esta petición
Copiar enlace
WhatsApp
Facebook
Nextdoor
E-mail
X