Сите за ПалестинаNorth Macedonia
Mar 18, 2026

Драги сите,

Во името на иницијативата „Сите за Палестина“ ве покануваме на второто сценско читање на „Монолози од Газа“, што ќе се одржи на 21 март (сабота) со почеток во 19 часот. 

Сценското читање ќе биде изведено на Новата сцена во Домот на културата во Битола од страна на активисти од Иницијативата „Сите за Палестина“ и локални уметници и активисти од Битола. 

„Монолози од Газа“ е збир на сведоштва од срцето на страдањето, грижливо собрани од страна на палестинскиот театар „Аштар“ кој преку собраните материјали и интернационалната соработка, од 2010 година наваму им дава глас на Палестинците и на нивните искуства за време на војните и опсадата. Со љубезна согласност на уметниците-активисти од театарот „Аштар“ монолозите да бидат преведени на македонски јазик, денес имаме можност да ги прочитаме пред публика и во Битола и лично да придонесеме кон ширење на свесноста за грозоморните злосторства и огромното страдање во Газа.

Настанот е од добротворен карактер: влезот е слободен, а во кутија за донации ќе можете да оставите ваш придонес за хуманитарни цели. 

Се гледаме в сабота. Ајде заедно да покажеме дека солидарноста нема граници!

Голем поздрав,
Иницијатива „Сите за Палестина“

Copy link
WhatsApp
Facebook
Nextdoor
Email
X