

Во недела, 19.04 во 12:00 часот, пред Симфонија на мирот (спроти гимназија Јосип Броз Тито), започнуваме протестен марш до Министерството за надворешни работи. Се приклучуваме на глобалниот повик по повод Меѓународниот ден на палестинските затвореници.
Денес, повеќе од 9.100 Палестинци се држат како заложници во израелски затвори. 3.544 палестинци се во административен притвор без обвинение и без судски процес од кои 450 се деца и 53 се жени. Ова не се „затвореници“ туку луѓе чија слобода е одземена во нелегалното анексирање земја и иднина од страна на фашитситчкиот режим на израел.
Во затворите, кои веќе одамна функционираат преку тортура и деградација, сега се наметнува нова фаза: легализирано погубување со бесење. Со новиот закон изгласан пред една недела смртната казна станува инструмент на државна политика без право на жалба, со експлицитна примена само врз Палестинци.
Додека ова се случува, македонските власти, вазали на западниот империјализам, срамно молчат. Земја што има ратификувано меѓународни конвенции против геноцид и против смртна казна, денес одбива да реагира на нивното очигледно прекршување.
Затоа излегуваме на улица во солидарност со оние на кои животите нелегално им се зад решетки, за децата кои се соочуваат со систем што ги третира како непријатели, за сите за кои се планира јавно погубување.
📍 12:00 – Симфонија на мирот
➡️ марш до Министерство за надворешни работи
🔴 Слобода за палестинските заложници
🔴 Стоп за смртната казна
🔴 Стоп за геноцидот