Бојкотирам попис без етничка припадност во Македонија

Petition Closed

This petition had 558 supporters

The Issue

Пописот како статистичка операција на пребројување на населението по различни параметри врз основа на кои се креираат и имплементираат политики е невозможно да ја оствари својата функција без податокот за етничка припадност. Попис без етничка и верска припадност го доведува во прашање мултиетничкиот карактер на Република Македонија кој е белег низ историјата. Исто така етничката и верската припадност е и значаен дел од идентитетот на граѓаните на Република Македонија.

Ние граѓаните сме ПРОТИВ спроведување на попис без етничка припадност според кој што сите заедници наведени во Уставот на Република Македонија, вклучително и тие кои не се наведени во Уставот, нема да можат да ја декларираат својата припадност при спроведувањето на попис. 

Бараме:

1. Собранието да го отфрли предлогот на директорот на државен завод за статистика, и да донесе Закон за попис во кој ќе биде опфатена етничката карактеристика во чиј составен дел треба да бидат изјаснувањето за етничка, јазична и религиозна припадност.

Истакнуваме дека Република Македонија е културно различна и мултиетничка држава која издвојува минато на собирање информации за етничкиот идентитет на своите граѓани. Ваквите податоци се од несомнена важност за функционирањето на државата и различните политики кои се имплементираат.

Бојкотирам ПописPetition Starter

The Decision Makers

Влада на Република Македонија
Државен завод за статистика на Република Македонија
Бојкотирам попис без етничка графа
Собрание на Република Македонија

Petition Updates