Обнова на гондолата Тетово - Попова Шапка

This petition had 1,520 supporters

The Issue

Изградба и обнова на гондолата Тетово - Попова Шапка

Тетово, Полошкиот регион и ски центарот Попова Шапка ќе добијат повторно многу свежа енергија, живот и кислород.

Попова Шапка е еден од ретките центри кои декади наназад имаше функционална гондола многу пред сите други во регионот. Не дозволувајте нашиот планински и зимски бисер неправедно да биде маргинализиран и запоставен за нечии интереси и персонална негрижа.

Можноста жителите на Тетово, Гостивар и Скопје да имаат брз пристап до природата, придонесува кон здрав живот, здрави навики, рекреирање пред се во периодите на огромна загаденост на Тетово и Полог. За самата Попова Шапка тоа значи зголемен приход, свеж капитал, повеќе туристи и можност за зголемен развој и инвестиции во инфраструктура и туристичките сервиси. Помалку гужви, сообраќај и независност од постоечкиот регионален пат за транспортот на патници и добра до центарот во секое време и временски услови.

Не ја барајте Европа во бирократските ходници и политики низ Брисел, развојот и поквалитетен живот зависи од нас самите!

Порака до Влада на РМ,  Градоначалник на Општина Тетово, Министерство за економија, Министерство за транспорт и врски, Агенција за промоција и развој на туризмот.

 

skimacedonia.mk

 

Следете не за контакт

https://www.instagram.com/skimacedonia.mk/

https://www.facebook.com/SkiMacedonia

avatar of the starter
skimacedoniaPetition Starter

The Decision Makers

Влада на РМ, Општина Тетово
Влада на РМ, Општина Тетово

Petition Updates