ПОКАЧЕНИ СТИПЕНДИИ ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ - СИТЕ ЗАСЛУЖУВАМЕ ЕДНАКОВ ТРЕТМАН!

The Issue
Министерството за образование и наука летово соопшти дека од оваа година студентите ќе добиваат покачени стипендии. Најавата беше пречекана со голема радост од сите студенти, но со објавувањето на конкурсот стана јасно дека покачените стипендии нема да важат за сите студенти, односно покачени стипендии ќе можат да добиваат само кандидатите кои за првпат аплицираат за државна стипендија. Студентите кои се веќе корисници на стипендија ќе продолжат да ги земаат старите (пониски) суми.
Пренесено преку бројки, новите апликанти кои ќе добијат стипендија, на пример, од прва категорија (социјална група), ќе добиваат по 6.050 денари месечно во текот на 9 месеци во годината. Студентите од истата категорија кои веќе користат стипендија ќе добиваат двојно пониска сума, односно 3.300 денари месечно.
Не се согласуваме со ваквиот модел на покачени стипендии. Со овие околности се врши дискриминација и истите прават поделба помеѓу студентите!
Нејаснa e поентата да се најават покачени стипендии кои потоа ќе важат за помалку од една третина од сите студенти што ги користат. Нелогично и апсурдно е стипендија од иста категорија за еден студент да биде повисока, а за друг пониска. Несфатливи се околностите под кои стипендиите на студентите кои веќе ги користат се помали од оние на новите апликанти.
Затоа, очекуван и оправдан е револтот кај оние студенти кои се изоставени од новините.
Сите студенти имаат исти/слични потреби и трошоци и сите заслужуваат да добиваат еднаков третман!
Како потписници на оваа петиција, бараме од МОН да се изнајде соодветно решение со кое ниту еден студент нема да биде оштетен и дискриминиран. Бараме покачените стипендии да важат за сите студенти, а не само за оние кои аплицираат за првпат. Очекуваме убави вести.
Во спротивно, револтот кај студентите ќе продолжи да расте.

8,181

The Decision Makers
Petition Updates
Share this petition
Petition created on September 23, 2021