За живот со помалку болка!

За живот со помалку болка!
The Issue
Поддршка за лицата и првенствено за децата со тип 1 дијабетес во Македонија. Ги повикуваме Министерсво за здравство и Владата на РСМ преку министер за здравство Венко Филипче, како и Фонд за здравствено осигурување на РСМ, да се огласат и согласно даденото јавно ветување да ги обезбедат сензорите за БЕЗБОЛНО и КОНТИНУИРАНО мерење на гликемија – шеќер во крвта, а првично за децата со Т1 дијабетес.
Сензорите ги мерат гликемиите на секои 5 минути, и резултатите од мерењата се достапни веднаш. На овој начин ние, и нашите најблиски, соочени со подмолноста на дијабетесот, би можеле веднаш да ја дознаеме гликемијата, трендот на раст или пад на гликемијата, и соодветно на тоа да го планираме следниот чекор, оброк, тренинг, излегување, кафе-пиење, и најважно, спиење. Сегашниот начин на мерење гликемии, со секојдневно боцкање на прстите, е инвазивен, често пати болен, и нема додатна вредност.
Ние не сме ништо помалку вредни од остатокот од светот. Ниту сме помалку вредни од нашите со-паталци од Хрватска, БиХ, Црна Гора чиј живот веќе е со помалку болка.
Ако ја немаме таа среќа за безгрижно детство и живот, барем удоволете ни за живот со помалку болка за нас и нашите најдраги.
6,227

The Decision Makers
Petition Updates
Share this petition
Petition created on October 23, 2019