Кажи НЕ на уништувањето на ГЕОГРАФИЈАТА како предмет!

The Issue

Да кажеме НЕ на уништувањето на ГЕОГРАФИЈАТА како предмет! 

Со новата Концепција во основното образование, географијата целосно се деградира и разнебитува. Географијата е спој помеѓу природните и социо-економските карактеристики на просторот. Со Концепцијата овие две нишки целосно се одвојуваат и вештачки се спојуваат со други предмети, што ќе доведе до несогледливи последици, како по учениците, така и по наставниците.

1.      Не постои факултет кој продуцира кадар за природни науки, остручен за работа по различни модули од областа на биологија, географија, физика и хемија. Сегашниот наставен кадар е недоволно стручен за најголем дел од наставните содржини, бидејќи нема соодветно образование.

2.      Според податоци од  Државниот завод за статистика 2021/2022 од 11 146 паралелки во основно образование има 1238 паралелки во VI одделение. Бидејќи наставниците по географија имаа по  два часа (72часа) ќе се изгубат 1238 часа или 62 работни места. Доколку концепцијата продолжи по зацртаниот план во VII, VIII и IX одделение ќе се изгубат дополнителни 186 работни места, односно 248 наставници по географија кои имаат редовен работен однос ќе останат без работа.

3.      Делови од природната географија (географска положба, планини, реки, езера, клима и сл.) се изучуваат во предметот Историја и општество за IV, V и VI одд., со што, учениците доаѓаат до конфузија за предметот на изучување на природните и општествените науки.

4.      НЕВОЗМОЖНО е интегрирање на географијата со историјата и граѓанското образование, бидејќи и при усвојување на знаења од општествената и економската географија (во склопот на регионалната географија во VIII и IX одделение), секогаш се поврзуваат и се усвојуваат знаења од физичката географија. На тој начин учениците ги осознаваат причинско - последичните врски и специфичностите на соодветниот географски простор.

НАШИ ОСНОВНИ БАРАЊА

1. Задржување на статусот на географијата како ПОСЕБЕН предмет (најмалку во следните одделенија VII, VIII и IX одделение) согласно нејзиниот комплексен карактер како научна дисциплина. Односно ИСКЛУЧУВАЊЕ од предметите природни науки и историја и општество.

2. Модуларно изучување на наставните содржини и теми по предметот природни науки во V и  VI одделение (како што беше претходно најавено), а НЕ сите содржини кои се однесуваат на предметите: географија, биологија, физика и хемија да ги предава еден наставник.

3. Воведување на модуларно изучување за географските содржини во предметот историја и општество во V одделение.

Иницијативата за задржување на географијата како посебен предмет е доставена до МОН, БРО и Претседателот на државата.

Кон Иницијативата се приклучија следниве организации:

  • Здружение на професори по географија на Македонија „Проф.Д-р Љубе Миленковски“- Скопје
  • Регионално географско друштво „Геосфера“- Битола
  • Регионално географско здружение „Проф. Д-р Митко Панов“- Прилеп
  • Независен синдикат за образование и наука – Скопје 

Повеќе информации околу Барањето за задржување на географијата како посебен предмет доставено до МОН и БРО можете да видите на следниот линк: https://drive.google.com/file/d/1bP1S3RdGcKrZLrV0r_EfJcBj_m5Mf-sB/view?usp=sharing

avatar of the starter
ГЕОСФЕРА БитолаPetition StarterРегионално географско друштво ГЕОСФЕРА-Битола
Victory
This petition made change with 2,479 supporters!

The Decision Makers

Биро за развој на образованието
Биро за развој на образованието

Petition Updates