Град Скопје да поддржи активности за спасување и донирање на храна

This petition had 1,014 supporters

The Issue

Изминатиот период кој помина беше во знакот на здравствената криза предизвикана од вирусот Ковид-19. Тој влијаеше да се зголеми бројот на корисници и нивните потреби од користење на услугите кои им ги нудиме како организации во сооднос помеѓу 30%-50%. Кај скоро сите граѓански организации ова предизвика зголемен обем на работа и потреба од нови ресурси за да излеземе во пресрет на зголемените потреби од поддршка во храна и друг вид на помош до социјално загрозените граѓани на територија на Град Скопје.

Оваа здравствена и економска криза се очекува со уште позасилено темпо да влијае значително врз нашата работа и во идниот период што следи. Затоа, започнавме зголемени подготвки за да обезбедиме што повеќе ресурси за поддршка во храна и други услуги на социјално загрозените граѓани на територија на Град Скопје во наредниот период.

Затоа, го испраќаме ова заедничко барање за поддршка на нашите активности како мрежа „Сите сити“ до Град Скопје. Поддршката која е потребна за зголемување на капацитетите е финансиска и материјална. Ова ќе помогне да се зголемат капацитетите за обезбедување на повеќе храна за корисниците на мрежата на територија на Град Скопје, и за новите кои очекуваме да се појават во периодот кој следи.

Тоа што го бараме од Град Скопје е простор (магацински), транспорт (гориво, возило и др.), финансиски средства за дополнителен персонал и поддршка во поттикнувањето на поголемо вклучување со донирање од страна на компаниите.

Дополнителните ресурси, ќе помогнат мрежата да спаси поголеми количини на добра храна, којашто наместо да се фрли, ќе помогне на илјадниците социјално загрозени граѓани на територија на Град Скопје.

 

„Сите сити во Скопје- Воспоставување на локални механизми за поддршка на социјално загрозените граѓани со храна“ е проект спроведуван „Ајде Македонија“- Скопје. Овој проект е добиен во рамки на „Граѓанскиот ресурсен центар“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип.

avatar of the starter
Ајде МакедонијаPetition Starter

Petition Updates