Време е Македонија да добие Национална астрономска опсерваторија!

411

Let’s get to 500 signatures!
Petitions with 1,000+ supporters are 5x more likely to win!
Recent signers:
Mirjana and 19 others have signed recently.

The Issue

Формирањето на астрономска опсерваторија во Македонија има долга, но за жал неуспешна историја. Во изминатите децении бројни професори, научници, академици, граѓани, здруженија и институции покренувале иницијативи за основање на национална астрономска опсерваторија, но ниту една од нив не била реализирана.


Денес, кога интересот за космичките науки и технологии постојано расте – особено кај младите – Македонија останува една од ретките европски држави без современа астрономска опсерваторија.


Затоа, во изминатите месеци стручниот тим на Граѓанско-научната космичка агенција (ГНКА) подготви проектна иницијатива за формирање на Македонска астрономска опсерваторија. Во рамките на опсерваторијата се предвидени два телескопи, при што помалиот ќе биде достапен за училиштата и најмладите истражувачи. Посебен акцент е ставен на автоматизацијата, што ќе овозможи телескопите да се користат и преку интернет од сите делови на државата.


Националната опсерваторија ќе овозможи спроведување научни истражувања, учество во меѓународни проекти, работа со реални астрономски податоци и директно вклучување на училиштата и универзитетите во научни активности. Покрај научната улога, таа ќе биде и центар за едукација, јавни набљудувања и популаризација на науката.


Македонија е дом на Кокино – локалитет кој многумина го сметаат за една од најстарите астрономски опсерватории во светот. Парадоксално е што денес немаме современа национална астрономска инфраструктура која ќе им служи на идните генерации.
Време е тоа да се промени.


Со Вашиот потпис испраќате порака дека Македонија заслужува современа астрономска опсерваторија, достапна за научниците, студентите, учениците и сите љубители на науката. Бараме од надлежните институции да го поддржат формирањето на Македонска астрономска опсерваторија.


Поддржете ја иницијативата и помогнете да изградиме нов прозорец кон вселената.


Ако нашите предци оставиле траги во историјата на астрономијата преку Кокино, наша обврска е да создадеме современа научна инфраструктура за сегашните и идни генерации.

Petition Updates

Share this petition

Petition created on June 8, 2026