ОТКАЖУВАЊЕ НА ДРЖАВНА МАТУРА 2020/21

The Issue

Како група на ученици кои моментално се најзасегнати од проблемот ‘Полагање на матура’ би сакале да нагласиме неколку причини зошто сметаме дека НЕ треба да полагаме матура, а во тоа не спаѓа одбрана на проектната активност.

Како генерација која поради пандемијата со коронавирусот беше ставена пред повеќе предизвици меѓу кои и учењето на далечина, ние сметаме дека е потребно време за адаптација на ваков вид на учење кое од друга страна го ускратува времето во кое ние можеме да се спремаме за матура на начин на кој им беше овозможено на генерациите пред нас, а истовремено и од матура беа ослободени оние кои ги немаа тие услови. Денешница во која послаб интернет сигнал значи отсуство од час, пропуштена наставна единица, неоправдано отсуство и каде недоволна обученост на еден професор значи пропаст за цела генерација, не е нормална денешница и не може да се третира како таква. Во отсуство на потребен педагошки пристап кон секое дете со свој посебен тип на карактер, интелект и темперамент и однесувањето на ученикот не може да се очекува да биде исто. Дополнителниот притисок и стрес во овие повеќе од само стресни околности со сигурност не би вродиле со плод.
Во една средина која ни ги диктира горенаведените нетипични за нас услови и генерално, неспремноста која ја чувствуваме, не може да се надеваме на успешни остварувања и низа постигнати цели како што тоа би се очекувало пред година време. Врз таа основа сметаме дека заслужуваме ист третман како и сите кои немаа услови за полагање на матура и не ја полагаа истата. Земајќи го во обзир фактот дека реализацијата на државниот испит е на некој начин пресудна за нашиот упис на факултет или со други зборови пресуден за нашата иднина, сметаме дека сите тие причини се доволен показател за да се земе во обзир и да се реализира нашиот предлог. Ова е еден тежок и незавиден период не само за нас, учениците матуранти, туку и за целокупното општество.

Се надеваме на разбирање и меѓусебна соработка што се однесува до еден од поголемите проблеми што ни ги носи ситуацијава.

Со почит.

This petition had 4,828 supporters

The Decision Makers

Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

Petition Updates

Share this petition

Petition created on November 10, 2020