Neuigkeit zur PetitionFerris Wheel Skopje - STOP THE PROJECT - Панорамско тркало, Скопје - СТОП ЗА ПРОЕКТОТ!
Мало потсетување околу приоритетите на Македонија... можеме и мораме да го запреме овој проект!

Анета Георгиевска-ШајнСкопје, Nordmazedonien

04.01.2017
Граѓаните од протест со низа барања за загадувањето – Панорамското тркало не доаѓа предвид
Dec 29, 2016
Воведување систем пар-непар за возење, забрана за движење на возила кои се без катализатори за издувни гасови, бесплатен градски превоз цела зима, зголемен број на инспекции, обезбедување на бесплатен огрев за граѓаните кои се греат на гуми, како и привремена забрана за работа на сите индустриските капацитети за кои има сомнеж дека загадуваат, се дел од 17-те барања што беа испорачани до градската и централната власт на вечерашниот протестен марш против енормното загадување на воздухот во Скопје.
Демонстрантите, многумина со заштитни маски на лицето и со велосипеди, маршираа од Градското собрание до Владата. Граѓанските активисти истакнаа дека загадениот воздух веќе е елементарна непогода и побараа воведувањето итни мерки да биде приоритет на власта место градењето панорамско тркало. Најавија дека по празниците повторно ќе излезат на протести и дека преку петиција ќе поднесат колективна тужба за надлежните кои не превземаат мерки и покрај високото ниво на загадување.
Link kopieren
WhatsApp
Facebook
E-Mail
X