Actualización de la peticiónFerris Wheel Skopje - STOP THE PROJECT - Панорамско тркало, Скопје - СТОП ЗА ПРОЕКТОТ!

7.500 потписи во новата година .... се поблиску до целта

Анета Георгиевска-ШајнСкопје, Macedonia del Norte
3 ene 2017
Почитувани, Нашите 7.500 потписи се речиси доволно за формално барање за референдум. Иако оваа петиција е виртуелна, никој не може да игнорира толку граѓани обединети со иста цел: да се спречи градењето на уште едно крајно непотребно, невкусно и прескапо здание, а средствата да се пренасочат кон она што е навистина потребно во Македонија - болници, школи, градинки... Не дозволете да ве обесхрабрат оние кои што велат дека е предоцна, дека како и сите други проекти во Скопје 2014, градителите на "Панорамското тркало" ја ставиле јавноста пред свршен чин. Можеме и мораме да ставиме крај на ова урбано и општествено лудило. Затоа замолете ги вашите пријатели да ја потпишат петицијата и да ја споделат и понатаму. Писмото и потписите, заедно со коментарите, ќе бидат доставени како пакет до Градоначалникот и неговите наредбодавци по празниците, како новогодишна честитка.
Copiar enlace
WhatsApp
Facebook
X
Email