ПЕТИЦИЈА - За зачувување на училишното игралиште во ООУ Димитар Миладинов - Скопје

The Issue
Ние, долупотпишаните жители и родители од околината, со оваа петиција сакаме да изразиме сериозна загриженост и противење на најавената намера за одземање на училишното игралиште и негово давање под концесија.
Ова игралиште со години претставува единствен безбеден и достапен простор за игра, рекреација и социјализација на децата од училиштето и од пошироката околина. Секојдневно го користат голем број на деца,за кои ова место има исклучително значење за нивниот физички и психосоцијален развој.
Тука се остварени првите чекори на многу дечиња,првото самостојно пуштање со велосипед,ролери, фудбал, брканици,жмурки и многу други забавни и друштвени игри.
Одземањето на игралиштето и негово комерцијализирање би значело директно нарушување на правото на децата на безбедна игра и здраво детство, како и намалување на јавниот простор кој му припаѓа на заедницата.
Дополнително,давањето на игралиштето под концесија би предизвикало и сериозни и секундарни проблеми за жителите и околината како што се зголемено и неконтролирано паркирање, сообраќаен метеж како и значително зголемена бучава. Овие услови директно би го нарушиле квалитетот на живеење на околните жители како и безбедноста на децата.
Сметаме дека јавниот интерес и благосостојбата на децата како и мирот и безбедноста на локалното население треба да имаат предност пред било какви концесионерски или комерцијални интереси. Поради тоа,бараме:
1. Постојаното училишно игралиште да не се дава под концесија
Се надеваме дека ќе ја разгледате нашата иницијатива со должно внимание и ќе донесете одлука во интерес на децата и заедницата.

644

Petition created on January 31, 2026