ВОСКРЕСНИ ОТВОРЕНИ БОГОСЛУЖБИ за ВЕРНИОТ НАРОД на МПЦ за ВЕЛИГДЕН

The Issue
Православните христијани, членови на Македонската Православна црква, доставуваат барање до Синодот на МПЦ - на ден ВЕЛИГДЕН ДА БИДАТ ОТВОРЕНИ ЦРКВИТЕ ЗА ВЕРНИОТ НАРОД на територијата на цела држава, и да има литургии за најголемиот Христијански празник, на ден на кој што се слави Христовото Воскресение, Исус Христос, Синот Божји Кој ја победи смртта со својата смрт.
Бараме на оваа Велигденска Воскресна богослужба непречено и достојно да биде овозможено присуството на верниот народ, а за да се запазат мерките за оваа вонредна состојба на вирус, присутните да бидат на потребна раздалеченост, при што сугерираме богослужбите на територијата на цела држава да се одржуваат на отворен простор – во дворовите на црквите и манастирите.
И да размислиме уште еднаш, дека Македонскиот народ и православните народности на овие простори поминале претешки историски премрежја, и своето постоење го должиме благодарение на верата Христијанска! Ние како народ ја сакаме и почитуваме нашата вера, и чуствуваме должност да го оправдаме нашето постоење пред нашите предци, кои крвта своја ја пролиле за верата православна. Зарем да останеме дома на најсветлиот ден? Зарем да останеме дома во услови на мир?
Светол пример ќе биде одбележувањето на Велигден во Бугарија, каде што на православните за Велигден им е дозволено присуство на Богослужбите, полицијата ќе биде околу црквите и ќе пази на редот и придржувањето до социјалната дистанца. http://religija.mk/borisov-crkvite-vo-bugarija-za-cvetnici-i-veligden-ke-bidat-otvoreni-lugjeto-se-so-oslabnat-duh/?fbclid=IwAR0tyr4zJj02DYlP2MoK3-XeDjQBQIt0S7b1A8eWAXa5Tq98TXg2Nmx1eH4
Исто така во Србија се очекува да биде одобрено прекинување на забраната за движење, од 5 до 10 часови, за да можат православните христијани да земат учество на утрената и Литургијата на овој најголем празник. - https://pravoslavie.ru/srpska/130251.htm
Се надеваме дека ќе се создадат услoви на ден Велигден, МПЦ заедно со верниот народ достојно да го прослави Христос Распнатиот и Воскреснатиот.
Христос Воскресе! Навистина Воскресе!
APR 16, 2020 —
Кој може да стави крај на оваа чума што го покоси целиот свет?
Кој може да го излечи неизлечивиот?
Кој може да му даде вид на слепиот и слух на глувиот и јазик на немиот?
Кој може да го крене од постела одземениот?
Кој може да го исцели демоноопседнатиот?
И кој може да го воскресне упокоениот?
Дали е тоа лекарот во белиот мантил и неговите од лабораторија лекови,антисептици,заштитни маски и ракавици?
Дали тоа може да го направи медицината?
Колку луѓе умираат дневно од безброј други болести,од грипот до карциномот.
Зарем еден ден нема да умреме сите?
И зошто е тој страв и паника од смртта?
Ако не сме подготвени да застанеме пред лицето на Бога и да влеземе во вечниот живот тоа и ние ќе се плашиме.
Зарем затоа дојде Христос на земјата?
Од Него е и болеста и животот и смртта.
Погледнете ги христијаните низ вековите.
Ваква ли била нивната вера,т.е невера.
Па тие во време на епидемии ги полнеле храмовите и со покајание и пост се молеле Господ да се смилува и да ја запре таа зараза,оти сфаќале дека тоа е епитимија од Бога за нашите гревови.
А Бог ги услишувал нивните молитви и ја прекинувач заразата.
Има бројни сведоштва за тоа низ историјата на христијанството.
Ание што правиме денес?
Како глувци се криеме по домовите и ги затвораме вратите на храмовите кои единствено можат да ни помогнат.
Нели е тоа безумство!?
Само Христос може да ја победи смртта и да даде живот.
Ако му веруваме Нему,на Лекарот над сите Лекари ајде да ја покажеме нашата вера,да ги отвориме вратите на единственото духовно и телесно лечилиште,вратите на Божјиот дом.
Христос не чека.
Не чека да ни даде исцеление и живот. Оти со вера во Бога се победува секоја болест и секое зло.
Ајде да бидеме верни,а не неверни.
Да се собереме заедно на празникот над празниците за да со Христа воскреснатиот и ние ја победиме смртта и болестите и да воскреснеме заедно со Него.
Имаме голема одговорност и кон нашите предци,кон нашите свети луѓе Македонци кои се молат за нас во небесната црква пред престолот Божји.
Да бидеме достојни за нивните молитви.
Да бидеме достојни и за големата чест која Господ ни ја даде нам Македонците праќајќи го Својот свет апостол Павле во Македонија.
Да бидеме достојни за првата жена и Христијанка во Европа,Св.Лидија Македонска.Таа се моли за македонската црква пред Бога,да бидеме достојни за нејзините молитви. Да покажеме повторно во овие тешки времиња на искушенија дека ние Македонците не залудно сме биле првоизбрани на овие простори.Ако можат браќата православни во другите земји без страв да ги чествуваат Велигденските празници во своите храмови,тоа најмногу ние Македонците треба и имаме пред Бога одговорност да го направиме.
Да бидеме достојни чеда на Македонската православна црква и земната и небесната.
Еден ден ќе треба да дадеме одговор за денешниот наш избор- Зошто не славевме Велигден?
Одговорот ќе биде - Од страв од болеста и смртта.
Убаво да размислиме дали со тој одговор ние имаме право да го носиме тоа свето име христијани.
Сега е времето да направиме избор- дали ќе и веруваме повеќе на медицината или на Бога кој ја создал и во кој се сите лекови,Кој не лекува со Своето Слово што оживува,со благиот и животворниот Дух ,Кој ни се дава Самиот со Своето тело и својата крв за да победи секаква болест,немоќ и зло.
Уште еднаш ве молам сите добро да размислиме.
Молбата е напишана и упатена и до духовните и до световните власти од страна на православен лекар крстен во Македонската православна црква
Со голема болка и верба во доброто кај луѓето,
Доктор Билјана Јанева

Petition Closed
Share this petition
The Decision Makers
Petition Updates
Share this petition
Petition created on April 11, 2020