Имплементација и подобрување на законите за домашни и бездомни животни

0 have signed. Let’s get to 7,500!


Поради до сега воопшто неимплементираните закони за заштита на домашните и бездомните животни ширум Македонија бараме:

1. Итна имплементација на законот за чипирање на домашни миленици и составување на датабаза која би ги соодржела информациите за нивното здравје и сопственици. 

2. Итна имплементација на законите за домашни миленици- реални и зголемени казни за секој сопственик кој не ги почитува истите (исфрлање на сметот на одредени локации, шетање на кучињата со поводник и маска, грижа за истите итн)

3. Итно поставување на повеќе канти за  животински смет, повеќе паркови за кучиња итн-како би можеле сопствениците навистина да ги почитуваат законите

4.Итна имплементација на законот за заштита и благосостојба на бездомните животни:

-одземање на животното доколку сопственикот несоодветно се грижи за истото

-зголемени патроли за контрола и пронаоѓање на луѓето кои своеволно трујат животни-отровот е опасен за сите нас и е прекршување на веќе постоечки закони, редно време е навистина некој да биде казнет и законите реално да бидат имплементирани во нашето секојдневие.

- хумани стационари во секоја општина кои би соработувале со граѓанските здруженија и волонтери и би се грижеле за бездомните животни до крајот на нивниот живот (доколку не се вдомат)

-стерилизација на сите бездомни животни. 

- Откривање и најстрого казнување на организаторите на борбите со кучиња! - овие настани во Македонија се јавна тајна за која до сега се немаат превземено  апсолутно никакви мерки! Неопходно е стопирање на истите! 

5. Реално подобрување на веќе постоечкиот стационар Вардариште-поставување на вработени кои навистина ќе се грижат за благосостојбата на животните во истиот и ќе знаат како да работат со животни или предавање на стационарот на некое од граѓанските здруженија како би можеле вистински љубители на животни да го подобрат. 

-Дозвола за волонтерска помош и соработка со граѓански здруженија со стационарот. 

-Отварање на стационарот за потенцијални вдомувачи во текот на цел еден работен ден (8 часа во денот) и целосно за еден ден од викендот (12 часа)

-Стационарот да вработи ветринари и тренери кои константно ќе бидат присутни во истиот и чија единствена цел ќе биде здравјето и интеграцијата на животните во стационарот. 

- стационарот да поседува етички комитет составен од непристрасни ветринари при евентуална еутаназија на некое животно-еутаназиите навистина да бидат последна опција за болните животни а не средство за ослободување од истите. 

6. Реална забрана за продажба на отрови имплементирана во сите аптеки ширум Македонија

7. Создавање на служба за заштита на животните која реално ќе функционира и помага на истите (полиција за животни)

 English version:

Because none of the already existing laws for protection of pets and stray animals have really been implemented we demand:

1.Emergency implementation of the law for chipping of pets and creation of database that would acquire the information about their health and owners

2.Emergency implementation of the laws for pets- real and increased fines for the owners that wouldn’t obey them (throwing the pet feces on the marked canisters, walking the dogs on a leash with a mask etc.)

3. Emergency placement of canisters for pets feces, dog parks etc-as so the owners could actually obey the laws.

4. Emergency implementation of the law for protection and well-being of stray animals:

- Taking away any animal that is neglected by its owner

- Increased patrols for finding and controlling of the people that singlehandedly throw poison to kill the stray animals- that poison is dangerous for us all and it is a clear violation of the already existing laws-it is time that those laws should be truly implemented in our everyday life.

- Providing animal shelters in every municipality. Shelters that would cooperate with the civic organizations and volunteers and that would be taking care of the homeless animals till the end of their life (if the animal isn’t adopted)

- Sterilization of all homeless animals

- Detection and strictest punishments for the organizations of dog fights- these events in Macedonia are a public secret for which nothing has been done so far! It is necessary to stop it!

4. Real improvement of the already existing shelter Vardarishte- hiring employees that would truly take care of the well-being of the animals in the shelter and will know how to work with animals or giving the shelter to some of the civic organizations so that the real animal lovers could improve it.

- to give permission for volunteering and cooperate with the civic organizations

- to be opened (for potential adoptions) during a full work day (8 hours) and 12 hours one day in the weekend

- to hire vets and trainers that would constantly be there and whose sole purpose would be to take care of the well-being of the animals and their integration

- The shelter should have ethic committee for euthanasia. Euthanasia should be the last option for every sick animal not a medium to get rid of them

5  Prohibition оf selling poison implemented in all pharmacies in Macedonia

6. Creation of animal protection service that would really function and help animals (animal police) 



Today: Bojana is counting on you

Bojana Tajkovska needs your help with “Имплементација и подобрување на законите за домашни и бездомни животни”. Join Bojana and 6,358 supporters today.