Ефикасна примена на мерки за контрола на аерозагадувањето во Град Скопје

Ефикасна примена на мерки за контрола на аерозагадувањето во Град Скопје

0 have signed. Let’s get to 5,000!
At 5,000 signatures, this petition is more likely to get picked up by local news!
Eко Комфорт/Eco Comfort started this petition to ГРАД СКОПЈЕ

МЕРКИ ЗА КОНТРОЛА НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО РАМКИ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ

ЦЕЛ НА ПРИМЕНА НА МЕРКИТЕ

Целта на примена на мерките за контрола на аерозагадувањето е на долгорочен план да се намалат штетните последици кои предизвикуваат енормно загадување на воздухот во Градот Скопје, а со ефикасната примена на истите аерозагадувањето би се намалило и би се довело во рамки на нормалните граници кои не би биле штетни по здравјето на граѓаните.

ПРИМЕНА НА МЕРКИТЕ

Мерките за контрола на аерозагадувањето ги применуваат Градот Скопје и општините во Градот Скопје согласно нивните надлежности

МЕРКИ

1. Воведување на бесплатен јавен градски превоз, како и на нови ефикасни линии во зимскиот период (да се одреди фиксен период кој ќе се применува долгорочно) кога аерозагадувањето е на највисоко ниво

2. Воведување на принципот „пар-непар“ за возилата во централното градско подрачје, како и во другите општини во Град Скопје, каде што ќе се процени дека е тоа потребно и целосна забрана за движење на дизел возилата на одредени сообраќајници во период од денот кога аерозагадувањето би било на највисоко ниво

3. Да се определат неколку локации во Градот Скопје каде што френкфекцијата на луѓе е најголема (пример, „Рекорд“, „Мавровка“, „Скопјанка“, „Сити Мол“) каде што ќе се делат бесплатни заштитни маски

4. Да се определат неколку локации во Градот Скопје каде што ќе се постават зелени билборди наречени „Градско дрво“ кои ќе го прочистуваат воздухот

5. Во општините во Градот Скопје, каде што е аерозагадувањето е највисоко, на одредени градби да се постават зелени фасади

6. Најмалку еднаш неделно да се врши собирање и рециклирање на отпадот кој претставува потенцијална опасност за загадување на воздухот

7. На лицата кои живеат на територија на Градот Скопје, а  истите примаат социјална помош или имаат месечни примања помали од просечните, да им се обезбеди ефикасен начин на греење во текот на зимскиот период (бесплатно делење на палети, бесплатен приклучок и снабдување на топлинска енергија на градската мрежа за греење)

8. Издавањето на одобренија за градба да се намалат на најниско можно ниво, како и воведување на забрана за вршење на градежни работи и работа на отворено во зимскиот период

9. Засилена контрола од страна на надлежните органи во фабриките, започнатите градежни активности во рамки на подрачјето на Град Скопје со цел ефикасна примена на законите од областа на заштита на животната средина

 Со потпишување на оваа петиција свесен/на сум за штетните последици по здравјето од аерозагадувањето и согласен/на да се применат горенаведените мерки.

 

0 have signed. Let’s get to 5,000!
At 5,000 signatures, this petition is more likely to get picked up by local news!