Отворање на границите и вракање на неограниченото и безусловно патување на македонските г

Das Problem

До
Влада и Претседател на Р.С. Македонија
Министерство за здравство и Комисија за заразни болести на
Р.С. Македонија
Сите релевантни власти и медиуми во Р. С. Македонија

Барање за отворање на границите и враќање на неограниченото и безусловно право на движење

Почитувани

- Бараме без одложување и веднаш да биде возобновен слободниот проток на патници на границите и аеродромите во нашата држава.
- Бараме укинување на секаков услов или неопходен тест за влез на државјани на Р. С. Македонија во сопствената држава.
- Бараме поништување и укинување на срамните изјави кои граѓаните се принудени да ги потпишат при излез од земјата со кои изјави декларираат дека се откажуваат од својата држава, како и таа од нив.
- Бараме укинување на незаконското лишување од слобода олицетворено преку т.н. државен карантин на македонски државјани кои допатувале од странство.

Образложение:
Сметаме дека воведените ограничувања во движењето и патувањето во и од странство ги кршат основните човекови права и слободи загарантирани со уставот на нашата држава. Сметаме дека грубо, неосновано и понижувачки за сите граѓани на нашата држава е затворањето на границите како и целокупниот однос на властите во државата, особено лишувањето од слобода на одредено време на лица, олицетворено преку т.н. државен карантин.
Сметаме дека недозволувањето, односно условениот влез како и условениот излез при кој граѓаните се приморани да се откажат од својата држава, како и таа од нив, се срамни и го кршат уставот на Македонија особено член 27, член 8, член 9 , член 12 1) .
Сметаме дека со овие ограничувања на движењето им се нанесени големи и трајни штети на сите граѓани на Македонија. Сакаме да Ве потсетиме дека голем број од нашите државјани имаат привремени живеалишта како и привремена работа во странство и постојано мигрираат до и од нашата држава. Сакаме да Ве потсетиме дека нашите граѓани во моментот се заглавени во светот, условени од сопствената држава и не можат да се вратат во своите домови. Сакаме да Ве потсетиме дека лугето во моментот се разделени од своите фамилии и не можат да имаат фамилијарен живот кој е загарантиран со Декларацијата за човекови права како и со член 25 од Уставот на Македонија. Како резултат на тоа, разделените фамилии не само што се спречени да имаат еден достоен фамилијарен живот, туку им е одземена и можноста и правото да ги вршат и регулираат своите секојдневни потреби. Не заборавајте дека луѓето имаат здравствени проблеми, луѓето имаат радосни моменти како и тажни моменти кои мораат да ги споделат со своите фамилии, а овие ограничувања предизвикуваат несогледливи и непоправливи штети.
Сакаме да Ви напоменеме дека спороведување на избори во услов кога граѓаните на Македонија се условени при влез во државата, односно немаат слобода да се вратат во сопствената држава ќе значи дека голем број на државјани ќе бидат спречени да го остварат своето право на гласање и согласно со тоа таквите избори нема да бидат легитимни.
Затворањето на границите како мерка за борба против вирусот не е научно докажана, туку напротив. Во своите истражувања публикувани во две научни публикации се докажува дека затворањето на границите има ефект само во многу раните денови, а подоцна нема никакво влијание врз ширењето на вирусот 2) 3). Научните публикации докажуваат дека вирусот мора да се контролира со локални мерки и со почитување на истите локално како би се оневозможило неговото понатамошно ширење.
Врз основа на горе изнесеното може да се заклучи следното:
1. Затворањето на границите ги крши основните човекови права и слободи загарантирани со Уставот на Р. С. Македонија и Декларацијата за основните човекови права.
2. Затворените граници и условениот влез и излез е голема неправда која им се нанесува на државјаните на Македонија и предизвикува големи, несогледливи и непоправливи долгорочни штети врз нив.
3. Затворањето на границите не придонесува во запирањето на епидемијата, туку, наместо затворање на границите поефикасно е спроведувањето на локална контрола и почитување на мерките за заштита од инфекции.

Референци:
1) Устав на Р. С. Македонија
2) Студија за ефектите од ограничувањата на патувањата во Кина: Chinazzi et al., 24.04.2020 : „The effect of travel restrictions on the spread of the 2019 novel coronavirus (Covid-19) outbreak” , Science 368,395.
3) Модел за ефектите од различни мерки при ограничување на ширењето на пандемија во Велика Британија – Ferguson et al. 2006: „ Strategies for mitigating an influenza pandemic“, Nature 442

18.06.2020

Од граѓани на Македонија потпишани преку дигитална петиција

Erfolg

Diese Petition war mit 2.510 Unterstützer*innen erfolgreich!

Die Entscheidungsträger*innen

Влада на Р. С. Македонија
Влада на Р. С. Македонија
Министерство за здравство на Р.С. Македонија

Министерство за надворешни работи на Р.С. Македонија

Neuigkeiten zur Petition