Подигање на границата за оданочување и царинарење на производи порачани од интернет

Petition Closed

This petition had 28 supporters

The Issue

Ова е петиција или предлог до Владата на РМ за измени во законот за царинење и оданочување на стоки купени преку Интернет. 


Веројатно сите сме се сретнале со овој проблем кога сме порачувале или добивале пратки од странство, многу често вкупната цена на производот може да биде зголемена со дополнителни давачки за царина и ДДВ на производот. Сето ова ја отежнува и комплицира целата постапка на онлајн трговијата, и ја успорува масовната пенетрација. 

Сегашните стапки односно цени до кои производите не се оданочуваат или царинат се премногу мали и се практички бескорисни во онлајн трговијата. Јас лично сум посебно засегнат со ова, како што верувам е и секој граѓанин на оваа земја. Не секогаш производите што сакаме да ги купиме се достапни во нашата земја или пак поедноставно е нарачувањето преку Интернет. 

Затоа императив е покачување на оваа граница на некое разумно ниво кое треба да се одреди во дијалог со владата, еве можеби 500€ како пример, но да не биде пониско од 250€. Ова е едно од решенијата, кое според мене најдобро ќе ја реши моменталната ситуација и ќе ја подобри еднаквоста на Македонските граѓани со тие од Европската Унија, но и со земјите од опкружувањето. 

Ги повикувам сите граѓани кои го имаат почуствувано овој проблем да ја потпишат оваа петиција, со цел да достигне до надлежните за што побрзо решавање на овој проблем. Ова не засега СИТЕ и сите ќе имаме корист од ова. 

avatar of the starter
Граѓани за подобра онлајн трговијаPetition Starter

The Decision Makers

Влада на РМ
Влада на РМ
Собрание на РМ
Собрание на РМ
Дамјан Манчевски
Дамјан Манчевски
Кабинет на министер
Министерство за информатичко опшество
Министерство за информатичко опшество

Petition Updates

Share this petition

Petition created on June 5, 2017