Продолжување на работните часови на Библиотеката "Браќа Миладиновци" 24/7

This petition had 1,566 supporters

The Issue

Потпиши ја оваа петиција за да извршиш притисок со цел враќање на работното време на 24/7 на читалната "Браќа Миладиновци"!

Универзитетско студентско собрание при УКИМ упорно испраќа аргументирани барања до библиотеката "Браќа Миладиновци" заради продолжување на работните часови, а тие упорно не одбиваат под изговор дека ситуацијата со корона вирусот не дозволува услови за да ни го прифатат барањето. Затоа, потребна ни е вашата поддршка за да извршиме притисок преку тоа што одборот кој одлучува во рамки на Библиотеката ќе разбере за колкава маса на студенти станува збор. 

Колоквиумската сесија е во тек, а многу наскоро ни се ближи и испитната сесија. Студентите се претежно вратени во Скопје, и често условите во нивниот дом не им го дозволуваат потребниот мир и амбиент за учење. Наше е да застанеме во одбрана на студентскиот интерес, и да не прифатиме никакви изговори кога гледаме дека дискотеките се отворени и преполни.

Со почитување на заштитните мерки од корона вирусот, односно носење маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција на рацете, се штитиме од корона вирусот во било кој час од денот. Затоа, да ги обединиме нашите сили и да притиснеме за отворање на читалните во било кој час од денот!

avatar of the starter
Универзитетско студентско собрание при УКИМPetition Starter

The Decision Makers

Petition Updates