Petition updateFerris Wheel Skopje - STOP THE PROJECT - Панорамско тркало, Скопје - СТОП ЗА ПРОЕКТОТ!
ПАНОРАМСКОТО ТРКАЛО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИЗГРАДИ

Анета Георгиевска-ШајнСкопје, North Macedonia

Dec 27, 2016
Оваа петиција досега ја потпишаа 7.000 македонски граѓани.
Обединети сме со иста цел - да ја запреме иградбата на "тркалото на лудоста" кое што според сегашните проценки ќе чини 19,6 милиони евра - доволно за да се изгради најсовемена болница, или дури и неколку училишта.
Иако градежните работи околу овој проект се веќе почнати, можеме да им ставиме крај доколку останеме сплотени и посветени на целта.
Затоа не запирајте - пратете ја петицијава барем на неколку пријатели, замолете ги да ја потпишат и споделат понатаму.
Да видиме колку сме, и да покажеме дека можеме да се организираме сами, натпартиски и вон институциите!
Петицијата ќе ја доставиме до Градоначалникот на почетокот на 2017, како "честитка" со која што ќе му ставиме до знаење дека ова ирационално трошење на позајмени пари мора да престане.
Доколку го игнорира нашето барање, ќе следат други, конкретни акции. Ако не сега - кога? Ако не ние - кој?
Copy link
WhatsApp
Facebook
Nextdoor
Email
X