Петиција за повлекување на Нацрт-ДУП за Барутана на Водно
The Issue
Стоп за бетонизација на Водно и сеча на шумата што ја садеа нашите предци за да го штити градот од поројни поплави, ерозија, лизгање на земјиштето, загадувањето на воздухот!
Предвидената изградба на десетици нови објекти на стрмниот пошумен дел од планинскиот опфат директно влијае на квалитетот на животот и безбедноста на жители на Центар.
Затоа мора да направиме притисок општина Центар да го повлече Нацрт-деталниот урбанистички план за Барутана, да се преработи и да се стопираат предвидените нови градби кои ги уништуваат пошумените предели и ги пресекуваат децениските планинарски патеки.

Со овој план на подрачје кое е означено дека е под влијание на ерозија се предвидува зголемување на бројот на жители и на станбена површина над параметрите кои ги дозволува Генералниот урбанистички план на Скопје што е незаконско!
Со овој план ќе се создадат услови да има стотина нови возила за кои нема да има паркинг.
Со овој план се создаваат услови за идна несреќа во вид на лизгање на земјиште, ерозија или поројна поплава.
За овој план мислење нема дадено Дирекцијата за заштита и спасување.
За овој план нема студија ниту мерки како да се спречи ерозија или лизгање на земјиштето како што тоа се случува подолу низ населбите.
Наместо природа во која луѓето ќе се рекреираат и која нѐ штити од несреќи овој план поттикнува приватизација на јавните добра и продолжување на бетонизацијата на Водно!

Да се потсетиме дека Кочани не се случи за еден ден туку по долги години разјадување на системот.
Ако не сакате Водно да стане само сеќавање и слика од минатото;
Ако не сакате Водно еден ден да ни се урне на глава тогаш,
ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА до Општина Центар за повлекување на Нацрт-ДУП за Барутана!
476

The Decision Makers
Petition Updates
Share this petition
Petition created on August 30, 2026