Да, за прикажување нови филмови во киното во Охрид

0 have signed. Let’s get to 1,500!


Сите луѓе уште од најмала возраст се запознати со филмот. Филмот нѐ учи на љубов, морал, среќа, тага и нѐ носи во нови светови создадени во фантазијата на режисерот кои ни даваат чувство на авантура. Нѐ запознаваат со животите на најпознатите и највлијателните личности во историјата, ни го збогатуваат знаењето за планетата, вселената, литературата. Сето тоа прикажано на големото платно допира до срцата на гледачите, но таква шанса во Охрид сѐ уште немаме.
Јас како љубител на филмови како и многу мои сограѓани сакаме да се прикажуваат нови филмови во киното кое е дел од Центарот за култура „Григор Прличев“. Желбата да гледаме најнов филм од омилен глумец, режисер нѐ тера да патуваме до Скопје, Битола, а може да го зачуваме времето поминато во пат за нешто друго. Верувам дека имаме доволно публика која сака да гледа филмови, односно која ќе ја поддржи оваа петиција.



Today: Damjan is counting on you

Damjan Mileski needs your help with “Петиција: Да, за прикажување филмови во киното во Охрид”. Join Damjan and 1,185 supporters today.