НЕ за предложената Концепција за основно образование на МОН!

The Issue
Изразуваме несогласување и неприфаќање на новата Концепција и бараме МОН да запре со понатамошната реализација на предложената реформа бидејќи:
1. Процесот мора да биде транспарентен и да се одвива низ отворен дијалог и со ангажирање однапред на сите општествени чинители во државата;
2. Реформата на образованието има свој систем, логика и цели кои треба да се соодветни со потребите, интересите и барањата на општеството, но и условите, правилата и нормите на живеење во тоа општество. Повикуваме на јавен дискурс, лишен од секаков вид притисоци, и особено политички;
3. Континуитетот и неговото унапредување се услов за сигурен успех на каква било реформа. Во таа смисла, се залагаме за унапредувањето на постоечкиот модел, наместо негова радикална замена;
4. Во однос на интегрираниот курикулум, постојат многубројни дилеми кои се научно издржани и треба да бидат земени предвид. На пр. ваквиот модел, каде не се изучуваат концептите на научните дисциплини, туку теми кои се обединети околу концепти кои интегрираат повеќе научни дисциплини, докажано доведува до сериозна концептуална конфузија, учениците не се стекнуваат со базични знаења од областа на определена научна дисциплина и финансиски се изискателни;
5. Апелираме образованието да се ослободи од секаков вид идеолошко - политички матрици, а не старите да се заменуваат со нови (намерата „системски, преку образованието да се влијае врз општествената трансформација“ во контекст на создавање „родово сензитивни генерации“, го претвора образованието во алатка за системска идеолошко - политичка пропаганда, децата ги прави жртви на пропагандата, додека наставниците – пропагандистички војници);
6. Изразуваме несогласување и со воведувањето на „Сексуалното образование“ поради несоодветната полова возраст, што може да предизвика сериозни последици кај децата (сексуалната патологија и нервно - психички нарушувања), но особено затоа што се отвара простор за можни понатамошни злоупотреби (озаконета педофилија). Дополнително „Сексуалното образование“ може радикално да ја промени моралната атмосфера во општеството и да нанесе несогледливи последици и штети;
7. Против сме воведување јога во училиштето. Јогата не е спортска дисциплина, туку религиозно - философско учење со корен во хиндуизмот. Со тоа се прекршува принципот на секуларност на државата и се прекршува Законот за основно образование со кој, се забранува секакво верско делување во училиштата
3,959

The Decision Makers
Share this petition
Petition created on January 8, 2021