Барање за онлајн настава како избор по барање на родител за 2021/2022

The Issue
За престојната 2021/2022 учебна година детално го проучивме планот и трите можни сценарија за реализација на наставата објавени на интернет страницата на МОН. Со чудење констатиравме дека оваа година во сите три можни сценарија од МОН не е понуден избор за онлајн настава по барање на родителот/старателот за одделенијата кои би следеле настава со физичко присуство. Според сценариото со физичко присуство за сите ученици, право на онлајн настава имаат само ученици со хронични болести и оние кои ќе бидат позитивни на КОВИД-19 или ќе бидат во самоизолација. Во второто сценарио за учење од далечина, предвидено е учениците од прво до четврто одделение да одат со физичко присуство и не е дадено право на избор за онлајн настава по барање на родителот. Во третото сценарио за настава со комбиниран модел, исто така, не е дадено право за избор на онлајн настава по барање на родителот/старателот.
Повторно ве потсетуваме дека правото на здравје е неприкосновено право, кое подеднакво им припаѓа на сите категории на граѓани без разлика на возраст или здравствена состојба. Ниедна група на граѓани, во зависност од возраста или друг критериум, не може да биде дискриминирана и секој има право на самозаштита. Институциите може да пропишуваат заштитни мерки, но не може да донесуваат конечни и гарантирани одлуки за здравјето на другите.
Подучени од искуствата од минатите две училишни години, заедно поднесуваме барање за подобро и поефикасно надминување на последиците од Ковид-19 кои можат да се појават оваа есен во нашата земја.
Бараме да се донесе одлука за право на избор за следење на онлајн настава за сите ученици (вклучително и за оние од 1-4 одделение) по барање на родителот/старателот без претходни условувања, без разлика на возраст и здравствена состојба како што беше овозможено минатата година. Станува збор за лесно пренослива тешка заразна болест со непознати последици по индивидуата.
Бараме онлајн настава како право на избор на сите степени на образование по барање на родителот/старателот. Таа опција мора да биде рамноправна со другите опции кои вие веќе ги утврдивте. Повторно инсистираме на нашето право на избор како и минатата година!
Доколку не ни овозможите такво право, ние ќе бидеме дискриминирани во однос на другите. По судски пат ќе бидеме принудени да бараме ваша одговорност затоа што го доведувате во прашање животот и здравјето на нашите деца.
Нашето барање за право на избор за онлајн настава во текот на 2021/2022 година е со цел побезбедно да го поминеме процесот до стекнување на колективен имунитет, кој е далеку од реализација. Процентот на вакцинирани возрасни лица сѐ уште е далеку од потребниот. За вакцината за деца од 12 години нагоре сѐ уште недостасуваат потребни податоци за да се оправда нивното масовно вакцинирање, а за деца до 12 години не постои вакцина.
Во вакви неизвесни услови едногласно бараме да ни биде овозможено правото на избор за следење на онлајн настава подеднакво за сите степени на образование по барање на родителот/старателот без никакви условувања.

Petition Closed
Share this petition
Petition Updates
Share this petition
Petition created on August 17, 2021