Барање за суспендирање на новиот Ценовник на ПОЦ и јавна расправа со жителите

Recent signers:
Zarko Lazarov and 19 others have signed recently.

The Issue

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар и Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ),

На 15 април 2026 година, ЈП Паркинзи на Општина Центар донесе нов Ценовник и нов Правилник за користење на јавните паркиралишта кои директно го зголемуваат финансискиот товар на жителите на Општина Центар.

Одлуката беше донесена без претходна анкета, без јавна расправа и без каква и да е консултација со засегнатите граѓани.

Конкретно, со новиот Ценовник:

  • Семејство чии членови поседуваат две возила регистрирани на иста адреса, но на различни сопственици, почнува да плаќа 6.000 денари годишно за второто возило.
  • За третото возило наплатата е 18.000 денари годишно.
  • Вкупно, семејство со три возила ќе плаќа до 24.000 денари годишно само за паркирање пред сопствениот дом.
  • Дополнително, користењето на паркинзи надвор од сопствениот сектор, кое досега беше бесплатно, сега се наплаќа по 500 денари по возило месечно.

Ова не е мала административна корекција. Ова е значителен финансиски удар врз семејните буџети, наметнат без никакво образложение и без ниту еден ден дијалог со граѓаните.

Потсетуваме дека сопствениот Статут на ЈП Паркинзи 2026, во Глава XIII (ЈАВНОСТ), Член 63 и Член 64, јасно го обврзува претпријатието редовно, навремено, целосно и вистинито да ја информира јавноста за својата работа и развојни програми. Оваа обврска очигледно не беше почитувана.

Потсетуваме исто така дека пред зголемување на цените, ПОЦ е должен да обезбеди квалитетна услуга: обележани паркинг места, редовно одржување и чистење, доследно спроведување на резидентниот режим на мешаните паркиралишта и достапна услуга за отстранување на непрописно паркирани возила во сите часови и во неработни денови. Ниту едно од овие не е обезбедено на задоволително ниво.

Со потпишување на оваа петиција бараме:

  • Итно суспендирање на новиот Ценовник додека не се спроведат вистински консултации со жителите
  • Организирање на јавна расправа со претставниците на сите паркинг сектори во Општина Центар
    Јавно образложение за основата и оправданоста на зголемувањето на цените
  • Конкретен план за подобрување на квалитетот на услугата пред каква и да е наплата на повисоки цени

Паркинзите се јавна инфраструктура.

Одлуките за нивното користење мора да се донесуваат транспарентно и со учество на граѓаните.

Тоа не е привилегија. Тоа е законска обврска и основно демократско право.

Потпишете и споделете. Секој потпис е порака дека граѓаните на Општина Центар се будни и нема да молчат.

avatar of the starter
Pristoen KAPISTECPetition StarterГраѓани од Капиштец, Скопје, организирани за решавање на комунални проблеми кои го отежнуваат секојдневниот живот во нашата средина. Бараме транспарентност и одговорност од јавните институции.

166

The Decision Makers

Goran Gerasimovski
Goran Gerasimovski
Градоначалник на Општина Центар

Petition Updates