Изменете закони за заштита на децата

Изменете закони за заштита на децата

Recent signers:
Емилија and 19 others have signed recently.

The Issue

   Како ќе реагирате кога вашето дете ќе биде булирано, малтретирано на само 11 години (толку имаше Мина кога беше жртва на педофил)На  ваше место има да барам најстроги казни за родителите и за децата би ја намалила старосната граница за кривична одговорност!Ние имаме млади генерации кои не читаат, не одат во театар, пушати пијат од 10 годишна возраст, преку апликациите, а најчесто Снеп си разменуваат голи слики од сопствените полови органи, а родителите дремат некаде по дневна, работат можеби и две работи за да пружат на децата се, но има грандиозно отсуство на воспитување.Полека но сигурно стануваме  земја на насилници.Едвај 2 милиони не можеме да се средиме!Одземете им телефони, донесете  закон како Данска и Франција до 16,17 години да немаат мобилни, забранете телефони во школо!Не, не, сите што сте извршна власт дремете на укажување за насилници и во театри, булирања на работни места, клиентелизам.Баш сум лута! Знаете што основниот лек за Мина го нема во МК дефицит е и за тоа никој не зборува , па бев  до Косово да го купам.Еден од најважните лекови ЛИТИУМ‼️За мене и ова е насилство,но вашите злоставувани деца ќе завршат на медикаменти и ќе бидат опсервирани н психијатрија затоа што веќе се оштетени и никому неѓа да му е гајле.‼️‼️‼️‼️Се сеќавам кога за прв пат видов како врсничко насилство делува разорно на нашите деца, кај нас, овде, во Северна Македонија. Секојдневно сум сведок на тоа како социјалните мрежи ги зајакнуваат овие акти на агресија, оставајќи ги нашите млади без поддршка и без заштита. Ова не е само мој уморен глас, туку крик за нашите деца и за нивната безбедност.

Гледаме како Австралија и Франција направија значајни чекори за да ги заштитат своите деца. Делуваа брзо и без политички игри, водејќи се само од својата грижа и обврска кон идните генерации. Дали е преголема надежта дека и нашата влада може слично да делува, не за политички поени, туку за доброто на нашите деца?

Како општество, мораме да се обединиме во оваа граѓанска иницијатива и да бараме итни законски измени за безбеден интернет и кривична одговорност за врсничко насилство. Системот е во колапс, а досегашните мерки се покажаа недоволни и само козметички. Потребни ни се решенија кои реално ќе обезбедат заштита за сите деца.

Да покажеме дека сме општество кое се грижи. Потпишете ја оваа петиција и застанете зад нашите млади, за нивната иднина и сигурност. Заедно можеме да создадеме подобра и безбедна Северна Македонија за нашите деца.

13,749

The Decision Makers

МВР Сектор за комјутерски  криминал
МВР Сектор за комјутерски криминал
Собрание на Република Северна Македонија

Supporter Voices

Petition Updates

Share this petition

Petition created on May 3, 2026