Mise à jour sur la pétitionSolution to the Name problem of the Republic of Macedonia in the UNНАЦРТ РЕЗОЛУЦИЈА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ООН (ЗА ИМЕТО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ООН)
Prof. Dr. Igor JanevSkopje, Macédoine du Nord
21 janv. 2022

Генералното собрание,

Земајќи предвид дека Република Северна Македонија, раскина Преспанската спогодба, а како БЈРМ беше примена во членството на Обединетите нации во 1993 година, со Резолуцијата 47/225, по препорака на Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност, но небеше во состојба да прифати новото државно име "Република Северна Македонија",

Имајќи ги предвид членовите 2 (особено пара. 1, 4, 7) и 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации,

Земајќи ги предвид и резолуциите на Генералното собрание 113 / II од 1947 и 197 / III од 1948 година, а особено Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата доставено на 28 мај 1948 година, во врска со неприфатливоста на предусловите за членство надвор од опсегот од исцрпните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации,

Потврдувајќи дека секоја држава природно има вродено право на име и тоа дека определување на имињата на државата претставува предмет на нивната суверена домашна јурисдикција,

Потврдувајќи исто така дека имињата на државата како правен идентитет на меѓународните субјекти се суштински елемент на нивната правна личност и нивната државност,

Со цел да се реши членски статус на една членката на Обединетите нации, прашањето кое потекнува од необичните резолуции за прием во ОН со кои се утврдуваат предуслови надвор од опфатот на сеопфатните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, а исто така и со цел да се заштити поредок на Обединетите нации, а особено правното претставување во системот на Обединетите нации,

Донесе одлука да го продолжи членството на Република Северна Македонија, порано привремено реферирана како "Поранешна Југословенска Република Македонија", под името со које аплицирала во ООН 1993.  „Република Македонија“.

Soutenir maintenant
Signez cette pétition
Copier le lien
Facebook
WhatsApp
X
E-mail