Бесплатни државни студии за студенти од социјално загрозени семејства

The Issue
Почитувани сограѓани,
Целта на петицијата е доделување поголеми финансии во буџетите на државните факултети со цел поголема финансиска помош на студенти од социјално загрозени семејства.
Најголема потреба од ваква помош имаат студенти на кои еден од родителите е починат. Потоа студенти со еден старател, како и студенти чија семејна финансиска благосостојба е помала од просечната плата во Република Македонија.
Во продолжение ќе дадам практичен пример за проблемите на студенти од овие семејства, конкретно студенти од Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство, каде што и јас студирам.
Првиот проблем би рекол е недоволната транспарентност и информираност за поднесување на барања за помош или неформалниот начин за поднесување барање за финансиска помош на овие студенти до Деканатот.
Минатата студентска година, на самиот почеток, успеав да запознаам голем број на мои колеги, за начинот на кој може да поднесат барања.
Се покажа дека сите тие не знаеле воопшто за таа можност иако беа во втора, трета, четврта година од студирањето...
Се покажа дека имало и голем број минатогодишни бруцоши до кои не стигнале тие информации.
Позитивниот исход беше прифаќањето на десетици барања, ќе спомнам груба бројка од околу 40-тина плус.
Вториот проблем беше малиот буџет на Деканатот од 3000 евра (три илјади евра и повторно груба бројка) за овие студенти.
Тоа значеше делумна помош по студент (50-70 евра, грубо) и тоа само за летниот семестар.
Оваа година, за пофалба е, промената во уписот на новите бруцоши на кои веднаш им се даде шанса да се евидентираат дали доаѓаат од социјално загрозени семејства. Во првиот уписен рок, за сега упишани се близу 30 студенти со еден старател. Овие студенти приложуваа и формално документи поврзани со ситуираноста на семејството..
Доаѓаме до конечниот проблем е апсолутно недоволниот буџет за новите и старите студенти како и навремена имплементација на таа помош, односно веднаш од зимскиот семестар, од самиот старт на уписот на нов семестар.
Токму од овие причини, целта на оваа петиција е државна финансиска помош на буџетите на одделните државни факултети за овие студенти, како и навремено, транспарентно и формално прибирање на барања од студенти од секоја година на студирање, со цел да бидат опфатени сите случаи и ослободувањето од партиципацијата, целосно или делумно, да важи од зимскиот семестар.
Како последен недостаток, мора да се овозможи, транспарентност во информирањето за поднесување барања, како и подготвеност да се одговори позитивно на тоа барање во било кое време на студентската година.
Практично значи секој факултет да е спремен во секое време да одговори на било кој можен финансиски проблем за некој нов случај на студент од социјално загрозено семејство!!
Аргументите се чисто хумани и развојни:
Нема поголема инвестиција за државата од инвестирање во студентите, и нема похумана инвестиција од бесплатно студирање за студенти од социјално загрозени семејства!
Ви благодарам!
со почит,
студент Сашко Станковски.

Petition Closed
Share this petition
The Decision Makers
Petition Updates
Share this petition
Petition created on September 8, 2018