Стоп на двојните аршини - камери на Пластичарска, Чаир, Бутел и Сарај

The Issue
Како граѓани бараме итно поставување на дополнителни сообраќајни и безбедносни камери на Пластичарска улица (булевар "Никола Карев"), долж целиот нејзин потег. Особено важни се малите раскрсници на оваа улица, каде што секојдневно возачи сечат две полни линии, вршат опасни маневри и прават прекршоци кои остануваат несанкционирани и притоа создаваат огромен сообраќаен хаос. Дополнителен проблем се двете крајни коловозни ленти кои се нефункционални поради паркирани возила! Парадоксално е што само 500 метри пред тој дел камерите строго снимаат и казнуваат за само 2 километри над дозволената брзина, додека сериозните прекршоци на Пластичарска остануваат без никаква контрола.
Дополнително, бараме поставување камери и на раскрсницата каде што возилата од булевар "Словенија" се приклучуваат на Јадранска магистрала (Качанички пат) кон Скопје-Карпош. Оваа локација е редовна точка на хаос - возачи масовно минуваат на црвено, создаваат метеж и ја загрозуваат безбедноста, а при тоа на местото нема ниту една камера за надзор и за санкционирање.
Истовремено, укажуваме на сериозната потреба од зголемена контрола и поставување камери во Чаир, Бутел и Сарај, каде што се вози со недозволено голема брзина, а бројот на камери е недоволен за да се обезбеди сообраќајен ред и безбедност за жителите.
Институциите мора да постапуваат рамноправно на сите локации и кон сите учесници во сообраќајот. Ако законот е закон, тој мора да важи за сите еднакво.
14

Petition Updates
Share this petition
Petition created on December 3, 2025