Преименување на улицата Московска во улица Украинска

The Issue

Изразете солидарност со народот во Украина преку преименување на улицата Московска во улица Украинска.

Додека ја читате оваа Петиција, 40-милионскиот народ на Украина се бори за својата слобода од руската агресија. Луѓе од најразлични професии се наоружуваат за да ги зачуваат своите родни градови, илјадници волонтери се приклучуваат кон вооружените сили храбро да ја бранат својата држава. Цивилите ги минуваат ноќите во засолништа,бидејќи резиденталните области во Киев и во другите градови се цели на гранатирања со армиски ракетни напади.

Живеејќи далеку од Украина понекогаш е тешко да се открие начинот на кој може да се пружи поддршка на народот врз кој е извршена инвазија. Сепак, има едно нешто кое може да се направи, а тоа е да се поддржи кампањата за преименување на улицата Московска во улица Украинска. Ова е мал но многу значаен акт на симболична поддршка за храбриот украински народ, кој ги брани вредностите на слобода и демократија од втората најмоќна воена сила во светот.

Како што веќе знаете, Русија и нејзиниот лидер Владимир Путин демонстрираат доста оскудно познавање за историјата на Украина. Русија заборава дека Украина е суверена држава, татковина на луѓе чија долготрајна борба за независност во минатото претставува тестамент  за нивниот непокорен и несовладлив дух, и за нивната слободна волја. Да се чекори по улица наречена „Украинска“ е одличен, секојдневен потсетник, за суверенитетот на Украина, каде демократијата и слободата се највисоки вредности.

Во име на Украина, неколку европски држави веќе ги променија називите на улиците каде што се адресите на руските амбасади во нивните држави.Албанија додели ново име на дел од улицата – „ул.Слободна Украина“, Литванија ја преименува улицата во „Улица на украинските херои“, а Латвија во „Улица на независна Украина“.

Ви благодариме што застанувате со Украина со додавање на вашето име. Споделете за добивање на што помасовна поддршка.

#StandWithUkraine

This petition had 286 supporters

Petition Closed

This petition had 286 supporters

Share this petition

The Decision Makers

DANELA ARSOVSKA
DANELA ARSOVSKA
Mayor of the City of Skopje
Petition updates
Share this petition
Petition created on March 25, 2022