ОСТАВКА НА ДИК Dorëheqje e Komisionit shtetëror zgjedhorë

Victory

ОСТАВКА НА ДИК Dorëheqje e Komisionit shtetëror zgjedhorë

This petition made change with 5,174 supporters!

Иницијатива Мегафон started this petition to Државна изборна комисија

Бараме оставка на деветте членови на Државната изборна комисија (ДИК) заради неетичко однесување и кршење на „Принципите за работа“ објавени на веб страницата на ДИК кои меѓу другото гласат: „Постојано вршиме само-евалуирање, затоа што сакаме постојано да ја унапредуваме нашата работа и секој нареден изборен циклус да биде подобар од претходниот. Притоа ја зголемуваме ефикасноста, ја спроведуваме работата со помалку напор, и ја зголемуваме ефективноста со што ги намалуваме трошоците за својата работа.“ (http://www.sec.mk/principi-na-rabota-na-dik/)

Платата на членовите на Државната изборна комисија (ДИК) се движи помеѓу 60.000 и 70.000 денари.  Во изминатите 18 месеци, во три наврати, си доделиле вкупно 12 надоместоци и воопшто не ја информирале јавноста за тоа. Амбасадорот на САД го посочи ДИК како пример за корумпирана институција и нетранспарентно работење.

Инфо: Државната изборна комисија има 9 членови (три од владеачкото мнозинство, три од опозицијата и три членови со заеднички договор на позиција и опозиција). 

ЧЛЕНОВИ НА ДИК:
АЛЕКСАНДАР ЧИЧАКОВСКИ – ПРЕТСЕДАТЕЛ
РЕЏЕП ПРЕКОПУЦА – ПОТПРЕДСЕДАТЕЛ
АТАНАС УРУМОВ
ВИОЛЕТА ДУМА
ИГОР МИЛЕВ
САШО СРЦЕВ
СИЛВАНА БОНЕВА
Д-Р. СУБХИ ЈАКУПИ
ЕРМИРА АСАНИ САЛИЈА

Victory

This petition made change with 5,174 supporters!