СТОП ЗА ИЗМЕНА НА ЗАКОН СО ЦЕЛ ГМО ДА СЕ ПРОИЗВЕДУВА И КОНСУМИРА ВО МАКЕДОНИЈА

0 have signed. Let’s get to 10,000!


Агенцијата за храна и ветерина (АХВ) има доставено Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната. Меѓу другите измени на Законот за безбедност на храната предвидено е да се избрише Член 55 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија бр. 187/13“, кој гласи:

„Се забранува производство, ставање во промет, увоз во Република Македонија на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО.

Агенцијата  спроведува  официјална  контрола  за  утврдување  на  спроведувањето  на забраната од ставот (1) на овој член.

Директорот  на  Агенцијата  го  пропишува  начинот  на  вршењето  на  официјалната контрола на забраната за производство, ставање во промет, увоз во Република Македонија на  храна  и  производи  од  храна  кои  содржат  ГМО  или  се  составени  од  ГМО,  по  претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија.

Одредбите од ставовите (1), (2) и (3) на овој член ќе се применуваат до пристапувањето на Република Македонија во Европската унија.“

Бришењето на погоре цитираниот член од сегашната важечка верзија на Законот за безбедност на храната овозможува од 2019 во Р. Македонија да почне ДА СЕ ПРОИЗВЕДУВА И КОНСУМИРА ГМО. Oправдувањето дека се стандардизираат законските одредби според регулативите на ЕУ е неиздржано. Затоа што според регулативите на ЕУ, СЕКОЈА (сегашна или идна) ЧЛЕНКА ИЗБИРА САМАТА дали би дозволила да се произведува ГМО на нејзината територија - http://www.efsa.europa.eu/en/topics/topic/gmo

Производството и потрошувачката на ГМО во Македонија НЕ СМЕЕ ДА СЕ СЛУЧИ затоа што претставува:

- ОПАСНОСТ за БИОДИВЕРЗИТЕТОТ: ГМО се инвазивни и се одгледуваат со интензивни земјоделски практики во монокултурни насади што ги ИСТИСНУВААТ другите видови и сорти во екосистемот. Каде ни се автохтоните сорти на кои не им требаат синтетички пестициди и вештачки ѓубрива за да опстојат? Каде е органското производство без хемиски препарати?

- ТОКСИЧНИ растенија, ТОКСИЧНА земја: ГМО спаѓаат во една од две категории: или се генетски модифицирани за да бидат отпорни на хемиски хербициди; или самите да продуцираат инсектициди што се токсични. Сето тоа го внесуваме преку исхраната во себе или останува како отровна материја во почвата. ГМО не можат контролирано да се применат  во ограничени услови и само во изолиран дел од екосистемите – нивните животни циклуси неизбежно се втопуваат во екосистемските односи и предизвикуваат долготрајни последици што се од непредвидливи размери. ЕДНАШ кога ќе влезат на голема врата во екосистемот, му наштетуваат за секогаш.

- БИЗНИС КОНТРОЛА - ГМО се патентирани!!! СЕКОЈА ГОДИНА - НОВО СЕМЕ! Семињата не смеат да бидат во СОПСТВЕНОСТ на фирми, тие се ЈАВНО ДОБРО! Најчесто во ГМО се вметнува ген-терминатор што ја онеспособува ртливоста на семето собрано од генетски модифицирано растение, така што земјоделците не би можеле да зачувуваат плодно семе и за следната сеидбена сезона, туку би биле принудени да купуваат повторно нов семенски материјал. Постои опасност насадите од гм-растенија штетно да влијаат и на биодиверзитетот во почвениот екосистем што долгорочно би предизвикало и осиромашување на почвата, па следствено и помали приноси. Истите фирми ги произведуваат и хербицидите и вештачките ѓубрива. 

- ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО ОПАСНОСТ - нема да можат да користат свој семенски материјал. Патентираните ГМ-растенија го испуштаат поленот и по случајност контаминираат други немодифицирани сорти при што може да настане хибридизација, па во следната генерација конвенционални насади да се детектираат траги од ГМО, за што земјоделците, кои не ни знаеле дека нивниот семенски материјал бил контаминиран од ГМО уште пред посевањето, можат да бидат тужени од корпорациите што се сопственици на патентираниот ГМО. Поленот од маслодајната репка, на пример, се шири преку ветер.

- КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ХРАНА - ГМО немаат никаква историска ниту културна поврзаност со нашите обичаи, луѓе и места. Каде ќе ни отидат локалните традиции?

- СЛАБА ИНФОРМИРАНОСТ ЗА ЗДРАВЈЕТО И СИГУРНОСТА - Во многу земји, студиите за здравјето и ГМО се финансирани од самите ГМО компании, а сепак некои од студиите покажуваат дека животни хранети со ГМО храна можат да развијат здравствени проблеми.

- МИТОТ ЗА ПРЕХРАНА НА СВЕТОТ СО ГМО:

1. светот произведува доволно калории (3.100 кал / дневно а потребите се 2.100) и без ГМО

2. бројот на луѓе кои страдаат од глад се има зголемено минатите две декади откога ГМО почнаа да се користат (исто како што расте и профитот на ГМО компаниите)

3. ГМО ги имаат збришано локалните сорти на компир, пченка, пченица, просо (во Аргентина и Бразил) ЧАО јабучар, ајварка!

4. НЕМА ДОКАЗИ дека ГМО имаат подобра продуктивност/ха земја.

5. МОЛАМ прво за достојна цена за откуп на јаболка, сливи (1 ден/КГ?) за ШТО зборуваме? КАКВА НЕУХРАНЕТОСТ НА НАСЕЛЕНИЕТО? ДАЛИ КАПИТУЛИРАА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРАКТИКИ? НА ШТО ГМО НУДИ КАКВО РЕШЕНИЕ?

 

Solution

ГМО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОИЗВЕДУВА ВО МАКЕДОНИЈА

ДА ГО СОПРЕМЕ ПРОЦЕСОТ со 10.000 потписи.

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ:

https://www.facebook.com/groups/532455777246121/about/

 

Personal story

Неформална, непартиска, волонерска иницијатива на група на граѓани засегнати од дејствувањето на Агенцијата за храна и ветерина (АХВ) со цел да се измени сегашниот Закон за безбедност на храната во земјава.