Казна за убиецот на Феликс!

Signataires récents:
Алина Волощук et 19 autres ont signé récemment.

Le problème

Феликс - кучето кое што беше крвнички претепано од Љубе Крстевски од Ново Село на 19.11.2024, угина во ЈП Лајка завчера. Ниту сите напори на ветеринарниот тим, ниту сета грижа и љубов на вработените, ниту сета помош и најдобри желби на македонската јавност не беа доволни, наспроти крволочноста на еден човек. Да не ги заборавиме ниту групата сеирџии коишто не мрднаа со прст да го заштитат Феликс од лудилото на Љубе Крстевски.

Феликс ја изгуби борбата, но... Ние можеме да ја добиеме војната против заспаните институции. 

Сите ние сме гневни, но клетвите и пцовките не се доволни. Затоа, ја креираме оваа петиција за да покажеме колку граѓани и граѓанки на нашата убава Македонија сакаат:

  • МВР (Министерство за внатрешни работи) да поднесе кривична пријава со сите релевантни доказни материјали против Љубе Крстевски и сите сеирџии што гледале отстрана 
  • Јавното обивнителство да отвори предмет против Љубе Крстевски (и сеирџиите) согласно член 233 од Кривичниот Законик (КЗ)
  • Основниот Суд да си ја сфати работата сериозно и за промена да им изрече казна затвор, како што е и предвидено во член 233 од КЗ
  • Собранието да подготви и реализира јавна расправа на тема применувањето на законите кога се во прашање животните, посебно во поглед на измачувањето, напуштањето и труењето на животните кое што почна да се случува секојдневно. Мораме да имаме чиста слика, статистика и преглед кои институции и на кој начин затајуваат.

Феликс не е единственото куче. Тука е и:

Кучето од Тетово што беше фрлено од седми спрат,

Кучето во Дебар Маало во Скопје кое беше заклано со секира сред бел ден,

Кучето што беше влечено со кола во Виница, а и она во Струмица,

Кучето што беше исфрлено болно покрај контејнер на минусни температури,

Кучето што беше врзано во напуштен објект да угине,

Илјадниците кучиња кои се отруени секојдневно, како и оние коишто се напуштени на улиците и полињата. 

Бараме да се стегнете и да се фатите за работа, оти ВАША работа како јавни службеници е да го сработите она што законите го предвидуваат. 

11 782

Voix de signataires

Mises à jour sur la pétition

Partager la pétition

Pétition lancée le 9 janvier 2025