Бесплатен јавен превоз за време на екстремна загаденост!

Petition Closed

This petition had 391 supporters

The Issue

Бараме Градот Скопје да овозможи бесплатен јавен превоз за време на екстремна загаденост, за да се преполови бројот на автомобили на улиците, а со тоа и загадувањето од издувни гасови.

Веќе подолг период во воздухот има 5-20 пати повеќе ПМ10 честички. Последната студија на Институтот за јавно здравје во соработка со фински експерти покажа дека аерозагадувањето е причина за 1.300 смртни случаи и 250 милиони евра финансиска загуба годишно, а дека сообраќајот е меѓу најголемите загадувачи во Скопје.

Со воведувањето задолжителни електронски билети се создаде хаос во градскиот превоз, со  недостиг на електронски картички и продажни места за нив, но и со поскап билет од досега! Ова е контрапродуктивно и наместо да го зголемува користењето на јавниот превоз, го јакне индивидуалниот автомобилски транспорт.

За здрав живот на граѓаните државата треба да намени буџетски средства за стопирање на  сите извори на загадување, за преминување на зелена економија и за компензација на  евентуалната економска штета на граѓаните и фирмите.

avatar of the starter
Демократска Обнова на МакедонијаPetition Starter

Petition Updates

Share this petition

Petition created on January 30, 2017