Враќање на Државниот архив на РМ во старата зграда

0 have signed. Let’s get to 1,500!


Почитуван пријатели.

Државниот архив на Република Македонија е најважната институција во Република Македонија во која се чуваат огромен број на документи поврзани со историјата на нашата држава.

Пред неколку години овој Архив, од непознати причини, беше исселен од наменската зграда градена по сите светски стандарди за архивско чување, обработка, средување и користење во зградата на Археолошкиот музеј на Македонија во непосредна близина на Вардар.

На тој начин, огромната документација која го отсликува нашето историско постоење, се најде во непримерни услови за чување. Новите простории се идеални за уништување на таа, нам многу значајна историска граѓа.

За да престане нејзиното пропаѓање, ве замолувам да ја потпишете оваа петиција и гласно да побараме враќање на Државниот архив на РМ во наменската зграда.

Заради нашите предци, нас и нашите идни поколенија.

 

 



Today: Katerina is counting on you

Katerina Todoroska needs your help with “Suzana Stambolieva: Враќање на Државниот архив на РМ во старата зграда”. Join Katerina and 1,069 supporters today.