Петиција за (поголеми) џебови на "женска" облека
Петиција за (поголеми) џебови на "женска" облека

Девојки, жени, хомосексуалци, левичари! HEAR ME OUT! THIS ONE IS FOR YOU! (now that all the alfa mazhjaci and gaseri are gone lets get real for a second). Во земја каде што маргинализираните групи трпат системска дискриминација и опресија од целото општество, би сакала да адресирам на еден мал но битен проблем кон чекор за уништување на родовиот капитализам.
Не можеме да се бориме ако рацете ни се полни со предмети како мобилниот телефон, кофеинскиот пијалак кој ни овозможува да имаме доволно енергија за да се справуваме со мизогинија и сексизам, клучевите - исто така користени како самоодбранбено оружје на вечер кога сме сами, и паричникот. Но ова може да се промени со само една мала но истовремено голема промена - џебовите. Колку пати сте сакале да му удрете шамар на локалниот алфа мажјак што откако фино ќе го откачете почнува да ве нарекува лоши зборови и омаловажува, но не можете тоа да го сторите бидејќи нема каде да ги ставите предметите што ви се во рака? Well don't look any further, бидејќи ако ги убедиме поголемите корпорации да почнат да произведуваат облека со повеќе и поголеми џебови, ќе можете да си ги ослободите вашите раце и "фино" да е справите со "џентлменот" кој не може да прифати едно едноставно "не".
Ова е само еден мал чекор кон голема револуција, девојки!